Manja Velichkovska

Translations Collider Academy 2022 – Struga Session

Првата сесија на Академијата за менаџмент во книжевноста и промоцијата на преводот се одржа во Струга, во мај 2022 година. Во оваа видео споделуваме дел од атмосферата на Академијата. Академијата ја посетија бројни професионалци од областа на менаџмент во книжевноста од Европската Унија и земјите од Западен Балкан. Втората сесија на Академијата ќе се одржи во Албанија во 2023 година. За време на петте дена од Академијата се одржаа презентации, панел-дискусии и работилници, кои ги водеа искусни професионалци од областа на издавањето книги и културна политика. Video © Stampedo Production Академијата е дел од проектот Balkan Translations Collider, кофинансиран од...

Продолжи со читање →

Отворен повик за книжевни резиденции поддржани од мрежата „Традуки“

Отворен повик за книжевни резиденции поддржани од мрежата „Традуки“. Меѓу другите градови, писателите, преведувачите и професионалците од областа на издаваштвото, можат да конкурираат и за резиденција во Скопје. Open submission for TRADUKI residencies in 2023 (writers, translators and literary professionals) and projects until 15th October! https://traduki.eu/apply-now/?fbclid=IwAR2MT8RuV55JCtSpLjNqOLp5Ro5lLuLZosoqw1JBzfHwPk11HA_QbMX_Daw

Продолжи со читање →

Хрватската писателка Ена Катарина Халер на книжевна резиденција во Скопје

Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на книжевна резиденција во Скопје во август престојува писателката од Хрватска Ена Катарина Халер. Во текот на својот резиденцијален престој во Скопје, Ена Катарина Халер ќе работи на својот нов роман, а ќе има можност одблиску да се запознае и со македонската книжевна сцена.  Ена Катарина Хелер е родена 1996 година во Осиек. Завршила природно-математичка гимназија во Осиек, а моментално работи на своето димпломскодело на Архитектонскиот факултет во Загреб. Првата книга, романот „На дофат“, ја објавува во 2019 година. Книгата се занимава со страдањето на едно село во Хрватска за време на Втората светска војна, прогонството на преживеаните на Блајбург...

Продолжи со читање →

​Валентина Бахти на книжевна резиденција воСкопје

Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на книжевна резиденција во Скопје престојува Валентина Бахти, поетеса, преведувачка, актерка и фотографка од Србија. Во текот на својот резиденцијален престој во Скопје, Валентина Бахти ќе работи на преводот на расказите на Иван Шопов на српски јазик. Исто така, таа ќе подготви изложба на колажни фотографии придружени со поезија, како и неколку кратки филмови на тема Скопје, чија премиера ќе се одржи на вториот Фестивал на поезијата во Скопје.  Валентина Бахти (Прокупље, 1995) е поетеса, преведувачка, актерка и фотографка. Нејзината прва двојазична книга поезија, „Помеѓу“, ја има објавено издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, а втората, „Да се скршат коските“, издавачката куќа „Дибидус“...

Продолжи со читање →

Разговор со Сузана Тратник

Промотиве разговор со словенечката писателка Сузана Тратник по повод излегувањето на збирката раскази „Два света“. Разговорот е дел од проектот „Хетеротопии на љубовта“, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. #creativeeurope4books https://youtu.be/C0e05pzyiLc http://www.gotenpublishing.com/video-za-zbirkata-raskazi-dva-sveta-od-suzana-tratnik/

Продолжи со читање →

Разговор со Калин Терзијски

Промотивен разговор со писателот Калин Терзијски по повод излегувањето на збирката раскази „Љубовта на триесет и пет годишната жена“.  Разговорот е дел од проектот „Хетеротопии на љубовта“, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.  #creativeeurope4books https://youtu.be/idJIlIL6RuE http://www.gotenpublishing.com/video-zapis-za-zbirkata-raskazi-lubovta-na-trieset-i-pet-godishnata-zhena-od-terzijski/

Продолжи со читање →

Разговор со хрватскиот писател Кристијан Новак по повод излегувањето на романот „Циганин, ама најубавиот“

Промотивен разговор со хрватскиот писател Кристијан Новак по повод излегувањето на романот „Циганин, ама најубавиот“.  https://youtu.be/fhtkmZRjSPk Разговорот е дел од проектот „Хетеротопии на љубовта“, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.  #creativeeurope4books

Продолжи со читање →

Видео за збирката раскази „Два света“ од Сузана Тратник

Видео за збирката раскази „Два света“ од Сузана Тратник. Превод од словенечки јазик: Дарко Спасов. Видеото за книгата „Два света“ од Сузана Тратник е дел од проектот „Хетеротипии на љубовта“, поддржан од програмата Креативна Европа на Европската Унија. #CreativeEurope4Books https://youtu.be/pHD0B1DC3h4 http://www.gotenpublishing.com/retsenzija-za-zbirkata-raskazi-dva-sveta-od-suzana-tratnik/

Продолжи со читање →

Преведувачката Екатерина Петрова на преведувачка резиденција во Скопје ќе ги преведува расказите на Румена Бужаровска

Во јуни, во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) на преведувачка резиденција во Скопје престојува преведувачката од Бугарија, Екатерина Петрова. За време на својот престој, Екатерина Петрова ќе работи на преводот на бугарски јазик на збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска. Екатерина Петрова е книжевна преведувачка и авторка на есеистички книги. Има завршено постдипломски студии за книжевен превод на Универзитетот во Ајова, САД. Активно се занимава со превод на дела од бугарски автори на англиски јазик и обратно, а предава превод и на Универзитетот во Софија. Во 2021 година ја објавува збирката есеи/патописи „Трагач по нешта:...

Продолжи со читање →

Рецензија за романот „Амок; луксембуршка љубовна приказна“ од Тулио Форџарини

(Рецензија на Сашо Огненовски за романот „Амок; луксембуршка љубовна приказна“ од Тулио Форџарини, во превод од италијански јазик на Анета Симовска, а во издание на издавачката куќа „Готен“) Збунетост, па надмоќност, неконтролирана желба да се биде забележан, страв и возбуда, гнев и несигурност, лутина и копнеж за задоволство, длабока потреба да се биде разбран, прифатен, да бидеш ти, неподнослив нагон да те снема, неконтролиран порив да ги уништиш сите што се виновни за состојбата во која се наоѓаш, да му се стави крај на целиот свет кога веќе не можеш да бидеш со неа – секој што „ги преживеал“ тинејџерските...

Продолжи со читање →