robert

„Медицински роман“ е прекрасен роман за љубовта, смртта и политиката

Рику Корхонен (1972) дебитираше на литературната сцена во 2003 година и брзо стана еден од главните современи фински писатели. Пред целосно да се посвети на литературата, работи како наставник во средно училиште и како предавач по креативно пишување на Универзитетот во Турку. „Медицински роман“ е прекрасен роман за љубовта, смртта и политиката. Ја раскажува приказната за четири преплетени животни судбини... Крајот на летото во 2003 година е жешко и интензивно на многу начини. Во Ирак, западните сили ветуваат дека во земјата ќе ги донесат демократијата и капитализмот. Далеку од овие битки, во еден приморски град во северна Европа, младиот Никлас...

Продолжи со читање →

Авторката Викторија Хоменко на резиденција во Скопје

Викторија Хоменко во текот на октомври е гостин на резиденцијалната програма за писатели на издавачката куќа Готен, која е дел од проектот „Читајќи го Балканот“. На презентацијата поднасловена како „Два фокуса. Две Граници. Два лични погледа на литературниот процес“, авторката зборуваше за односот меѓу документарното и фикцијата. Исто така, таа го престави својот фанзин направен во соработка со современиот украински уметник Дима Красниј, а зборуваше и за одредени тенденции во современата украинска литература. Викторија Хоменко е писателка и продуцент од Киев. Работела како независен филмски критичар и публицист за неколку национални медиуми во Украина. Сега работи како дел од тимот...

Продолжи со читање →

Објавен романот „Пчели“ од Мелис Фридентал, добитник на европската награда за литература

Издавачката куќа Готен го објави романот „Пчели“ од современиот естонски писател Мелис Фридентал. Мелис Фридентал (1973) е естонски писател, кој својата репутација ја стекнува како автор на спекулативна фикција. Во овој необично напнат роман, Фридентал ги опишува авантурите на Лаурентиус Хилас, студент кој кон крајот на XVII век пристигнува на факултетот во Тарту, Ливонија, за да го продолжи своето универзитетско образование. Во тоа време Тарту има репутација на град на музите, но Лаурентиус се соочува со огромна беда, очај и луѓе што гладуваат. Ова ја зголемува неговата меланхолија и тој почнува да се сомнева дека повторно ги гледа духовите што...

Продолжи со читање →

Првенецот на Лаура Синтија Черниаускаите „Здивот врз мермерот“, по кој е снимен и филм, објавен на македонски јазик

Издавачката куќа Готен го објави романот „Здивот врз мермерот“ од литванската писателка Лаура Синтија Черниаутскаите. „Здивот врз мермерот“ е првиот роман на литванската писателка Лаура Синтија Черниаускаите, за кој во 2009 година ја доби Наградата на Европската Унија за литература. „Здивот врз мермерот“ е умешно раскажана драма за болната осаменост, семејството и релациите меѓу жените и мажите. Черниаускаите пишува за копнежот, за недоживеаната интимност, за мекоста и тежините на срцето. Романот ја раскажува приказната за една млада мајка и нејзиното семејство, кое посвојува шестгодишно момче неспособно да се вклопи во новото семејство и го убива својот посвоен брат. Романтична балада...

Продолжи со читање →

Интервју со Јанис Јоневс по повод добивањето на Наградата на Европската Унија за литература (видео)

На 20 декември во Младинскиот културен центар, Јанис Јоневс во рамки на „Вечер на балтичката литература“ зборуваше за својот роман „Јелгава ’94“. На следниот линк можете да го видите интервјуто со Јоневс по повод добивањето на Наградата на Европската Унија за литература за „Јелгава ’94“. https://www.youtube.com/watch?v=lbGJU-c1Uz8

Продолжи со читање →

Разговор со Тања Ступар-Трифуновиќ, која престојува на резиденција во Скопје

Разговор со Тања Ступар-Трифуновиќ одржан во рамки на книжевниот фестивал „Друга приказна“. Разговорот со Тања Ступар-Трифуновиќ е дел од книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“, програма која се реализира под покровителство на Европската мрежа за превод и книги Традуки. Автор на фотографии Ванчо Џамбаски. [gallery columns="2" size="full" ids="4241,4240,4239,4238"]

Продолжи со читање →

Интервју со Тијт Алексеев, автор на трилогијата за крстоносните војни (видео)

По одличната рецепција на романот „Поклонение“, Готен го објави второто продолжение на трилогијата за крстоносните војни, романот „Тврдината“. Тијт Алексеев е писател, историчар и дипломат од Естонија. Погледнете го интервјуто со него направено по повод добивањето на Наградата на Европската Унија за литература: https://www.youtube.com/watch?v=uQHaM0wOY6A фотографија: youtube

Продолжи со читање →

Промоцијата на книгата „Утеха за Адамовото дрво“ од Инга Жолуде

Атмосферата на вчерашната промоција на книгата „Утеха за Адамовото дрво“ од Инга Жолуде. Жолуде зборуваше за односот на локалниот летонски контекст во нејзините раскази, за тоа зошто темите поврзани со смртта и загубата имаат толку големо значење во нејзините текстови, за релацијата меѓу современата летонска книжевност и поширокиот европски книжевен контекст. Наскоро следува и видео за нејзиното гостување во Македонија. Промоцијата и објавувањето на книгата се поддржани преку програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. [gallery columns="1" size="full" ids="4254,4256,4255,4257,4258"]

Продолжи со читање →

Лаура Синтија Черниаутскаите: „Удобноста не ме интересира“

„Здивот врз мермерот“ е првиот роман на литванската писателка Лаура Синтија Черниаускаите, за кој во 2009 година ја доби Наградата на Европската Унија за литература. Станува збор за умешно раскажана драма за болната осаменост, семејството и релациите меѓу жените и мажите. Черниаускаите пишува за копнежот, за недоживеаната интимност, за мекоста и тежините на срцето. Во интервјуто насловено „Удобноста не ме интересира“,Черниаутскаите зборува за „Здивот на мермерот“, но и за нејзините поетички преокупации. Интервјуто можете да го прочитате на следниот линк: https://deepbaltic.com/2016/12/01/comfortable-doesnt-interest-me-laura-sintija-cerniauskaite/

Продолжи со читање →