Настани

Бројна публика на промоцијата на култниот роман „Јелгава ’94“ од Јанис Јоневс

„Јелгава ’94“ од Јанис Јоневс е култен роман за историјата на летонскиот метал од средината на 90-тите години. За овој роман, македонскиот писател Бранко Прља вели: „Но, ова не е само книга за металци или за тие кои се заинтересирани за историјата на музиката туку и за секој што се интересира за една автентична, едноставна, непретенциозна и духовита приказна сместена во една постсоцијалистичка земја. За нејзината универзална вредност зборува и тоа дека по објавувањето книгата станала национален бестселер, ги добила наградите за дебитант на годината во Летонија и Европската награда за литература за 2014 година. Јанис Јоневс е вистински раскажувач!...

Продолжи со читање →

Промоција на „Стакларница“ од Даниел Одија во Скопје

Во „Стаклраница“ Одија главно пишува за проблемите на младите луѓе од општествените маргини додека се борат со недостиг на работта и животни перспективи. Со користење специфичен јазик, сленг, необични идиоми, авторот создава галерија ликови кои често се изгубени, исклучени од пософистицираните општествени текови, приудени да се борат за својата основна егзистенција. За овие луѓе светот е еден вид опасна џунгла, каде што животот постојано е под некој вид закана. Даниел Одија (1974) е еден од најзначајните полски писатели од поновата генерација. Освен раскази, објавил и неколку романи. Сепак, Одија е вистински мајстор за контрапункот и хуморот, па колку и неговиот...

Продолжи со читање →

Готен ја објави „Тврдината“ – втор дел од трилогијата за крстоносните војни

Издавачката куќа Готен го објави романот „Тврдината“ на современиот естонски писател Тијт Алексеев. „Тврдината“ е вториот дел од трилогијата за крстоносните војни на естонскиот писател, историчар и дипломат, Тијт Алексеев. Романот претставува драматична и набиена со пресвртни настани приказна за освојувањето на Антиохија од страна на крстоносците. Станува збор за возбудлив роман за важноста на човековите релации, лојалноста, љубовта, за пријателството. Алексеев собирал материјали за романот повеќе од десет години и ги посетил главните места каде што се одвивале борбите. Како резултат на тоа, во романот прецизно е реконструиран средновековниот свет, заедно со неговите вредности и мани. Преводот на книгата...

Продолжи со читање →

Готен го објави романот „Чистка“ од современата финска писателка Софи Оксанен

„Чистка“ е возбудлива и напнатата приказна за две жени следени од своето минато и мрачната, неискажана историја што ги поврзува. Кога Алијда Труу, постара жена што живее сама во едно естонско село, ќе ја пронајде разбушавената и неуредна девојка легната во нејзиниот двор, таа ги потиснува своите сомнежи и ѝ понудува засолниште. Зара е пребегната млада жртва на сексуална трговија, но фотографијата што ја носи со себе наскоро покажува дека пристигнувањето во домот на Алијда не е случајност. Набрзо нивната драма добива силен интензитет, при што од под површината излегуваат голем број напластени приказни за ривалството, страст и загубата одиграни...

Продолжи со читање →

Аудиозапис од книгата „Стакларница“ од Даниел Одија

https://www.mixcloud.com/Goten/%D0%B0%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%BE%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B8%D1%81-%D0%BE%D0%B4-%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5%D0%BB-%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0/

Продолжи со читање →

Рику Корхонен го претстави својот „Медицински роман“ пред македонската публика

„Медицински роман“ е прекрасен роман за љубовта, смртта и политиката. Ја раскажува приказната за четири преплетени животни судбини... Крајот на летото во 2003 година е жешко и интензивно на многу начини. Во Ирак, западните сили ветуваат дека во земјата ќе ги донесат демократијата и капитализмот. Далеку од овие битки, во еден приморски град во северна Европа, младиот Никлас многу време поминува во пиење и во грижа за својата девојка Ина, чиј татко умира од рак. Една ноќ Никлас доживува визија што го променува. Верува дека нашол лек за причините за грижите на својата девојка. Во овој прекрасно напишан роман, Корхонен...

Продолжи со читање →