Новости

Преводот како движење меѓу културите – работилницата за превод

Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ организира работилница за книжевен превод „Преводот како движење меѓу културите“. Работилницата ќе се одржи во кафе-книжарницата Буква, на 23, 24 и 27 јуни.  Работилницата ќе опфати различни формати: работа на конкретен превод, презентации, разговори со преведувачи и уредници на издавачки куќи, дебати и дискусии. Предавачи на работилницата се проф. д-р Ирина Бабамова, проф. д-р Калина Малевска, проф. д-р Милан Дамјановски и Живко Гроздановски. Целта на работилницата е на сите заинтересирани преведувачи да им се понуди можност за професионално усовршување, дополнителна обука, како и преку дебати и дискусии да се поразговара...

Продолжи со читање →

Видео презентација на авторите-учесници во проектот Reading Balkans

Во овој серијал кратки презентации ги претставуваме авторите-учесници во проектот Reading Balkans: Томислав Османли, Сашо Огненовски, Билјана Црвенковска и Петар Андоновски. Тие говорат за нивната работа, нивните минати и идни проекти и нивните искуства со резиденциите. Сите тие се согласуваат дека резиденциите се важен ресурс за авторите, давајќи им време и средства за творење, како и одлична можност за вмрежување. https://youtu.be/muK-2fFptwI https://youtu.be/i-PqId-0XWE https://youtu.be/rl-aJqlH4Uo https://youtu.be/kSKdVOA5oWg

Продолжи со читање →

Преведувачот Вил Фирт на преведувачка резиденција во Скопје

Преведувачот од македонски на англиски јазик, Вил Фирт, во ноември престојува на преведувачка резиденција во Скопје. Резиденцијата е во организација на издавачката куќа „Готен“, а се реализира рамки на меѓународниот проект „Превод во движење“ (Translation in Motion), поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Во текот на својот престој, Вил Фирт ќе работи на преводот на македонски јазик на романот „Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски. Вил Фирт е книжевен преведувач од македонски, српски, хрватски, германски и руски јазик. Дипломирал германски и руски јазик на Националниот универзитет во Канбера, Австралија. Бил стипендист на Универзитетот во Загреб и на Институтот...

Продолжи со читање →

Преведувачот Вил Фирт на резиденција во Скопје, тој ќе работи на преводот на романот „Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски

Преведувачот од македонски на англиски јазик, Вил Фирт, во ноември престојува на преведувачка резиденција во Скопје. Резиденцијата е во организација на издавачката куќа „Готен“, а се реализира рамки на меѓународниот проект „Превод во движење“ (Translation in Motion), поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Во текот на својот престој, Вил Фирт ќе работи на преводот на македонски јазик на романот „Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски. Вил Фирт е книжевен преведувач од македонски, српски, хрватски, германски и руски јазик. Дипломирал германски и руски јазик на Националниот универзитет во Канбера, Австралија. Бил стипендист на Универзитетот во Загреб и на Институтот...

Продолжи со читање →

Translations Collider Academy 2022 – запознајте ги партнерските организации

Академијата за менаџмент во книжевноста и промоција на преводот е иницирана од Next Page Foundation (Бугарија), Издавачка куќа Готен (С. Македонија), Poeteka Albania (Албанија), Totalno Argh (Србија), Glavni grad Podgorica (Црна Гора) and Sandorf (Хрватска). Еве ги импресиите на партнерските организации за првата сесија на Академијата. Видео © Stampedo Production -- Академијата е дел од проектот Balkan Translations Collider, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. #CreativeEurope4Books #BalkanTranslationsCollider * * * The Translations Collider Academy is initiated by Next Page Foundation (Bulgaria), Издавачка куќа Готен (North Macedonia), Poeteka Albania (Albania), Totalno Argh (Serbia), Glavni grad Podgorica (Montenegro) and Sandorf...

Продолжи со читање →

Translations Collider Academy 2022 – запознајте ги говорниците

Во текот на првата сесија на Академијата за менаџмент во книжевноста и промоција на преводот говорниците ги споделија своите успешни приказни и одржаа предавања и работилници поврзани со поддршката на преводите, улогата на книжевните агенти, новите пристапи во комуникацијата во културата итн.   Тие Академијата ја опишуваат како: – Корисно и плодно искуство; – Проникливо искуство; – Прекрасно искуство со многу интеракција, многу добри прашања и многу забава.  Слушнете повеќе од учесниците на Академијата за менаџмент во книжевноста и промоцијата на преводот, прва сесија, во видеото.   Видео © Stampedo Production -- The Academy is part of the project Balkan...

Продолжи со читање →

Translations Collider Academy 2022 – запознајте ги учесниците

Учесниците Академијата за менаџмент во книжевноста и промоција на преводот ја опишуваат како: – Одлична можност за секоја личност која се наоѓа на почетокот или на средината на својата кариера во полето на културата; – Шанса за зголемување на меѓукултурната соработка; – Прилика за вмрежување со луѓе што размислуваат слично; – Место за добивање нови перспективи. Повеќе за нивното искуство слушнете во следното видео. Видео © Stampedo Production -- Академијата е дел од проектот Balkan Translations Collider, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. #CreativeEurope4Books #BalkanTranslationsCollider * * * Translations Collider Academy 2022 – Meet the Participants The participants...

Продолжи со читање →

Translations Collider Academy 2022 – Struga Session

Првата сесија на Академијата за менаџмент во книжевноста и промоцијата на преводот се одржа во Струга, во мај 2022 година. Во оваа видео споделуваме дел од атмосферата на Академијата. Академијата ја посетија бројни професионалци од областа на менаџмент во книжевноста од Европската Унија и земјите од Западен Балкан. Втората сесија на Академијата ќе се одржи во Албанија во 2023 година. За време на петте дена од Академијата се одржаа презентации, панел-дискусии и работилници, кои ги водеа искусни професионалци од областа на издавањето книги и културна политика. Video © Stampedo Production Академијата е дел од проектот Balkan Translations Collider, кофинансиран од...

Продолжи со читање →

Отворен повик за книжевни резиденции поддржани од мрежата „Традуки“

Отворен повик за книжевни резиденции поддржани од мрежата „Традуки“. Меѓу другите градови, писателите, преведувачите и професионалците од областа на издаваштвото, можат да конкурираат и за резиденција во Скопје. Open submission for TRADUKI residencies in 2023 (writers, translators and literary professionals) and projects until 15th October! https://traduki.eu/apply-now/?fbclid=IwAR2MT8RuV55JCtSpLjNqOLp5Ro5lLuLZosoqw1JBzfHwPk11HA_QbMX_Daw

Продолжи со читање →

Хрватската писателка Ена Катарина Халер на книжевна резиденција во Скопје

Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на книжевна резиденција во Скопје во август престојува писателката од Хрватска Ена Катарина Халер. Во текот на својот резиденцијален престој во Скопје, Ена Катарина Халер ќе работи на својот нов роман, а ќе има можност одблиску да се запознае и со македонската книжевна сцена.  Ена Катарина Хелер е родена 1996 година во Осиек. Завршила природно-математичка гимназија во Осиек, а моментално работи на своето димпломскодело на Архитектонскиот факултет во Загреб. Првата книга, романот „На дофат“, ја објавува во 2019 година. Книгата се занимава со страдањето на едно село во Хрватска за време на Втората светска војна, прогонството на преживеаните на Блајбург...

Продолжи со читање →