View Cart “Сеќавањата на еден јаничар” has been added to your cart.

Темна материја

Онака како што темната материја во астрономијата се препознава според ефектот што го создава, така во збирката раскази Темна материја огромен број нешта постојат под површината, невидливо бабрат до мигот кога излегувајќи на површината ги менуваат нештата на радикален и изненадувачки начин. Кумердеј го истражува секојдневниот живот преку различни наратори, кои создаваат полифонија на автентични гласови што зборуваат за исклучително важни теми – прашањето на идентитетот, потиснатото семејно насилство, десничарските популациски политики, лицемерството на моралните норми, влијанието на технологијата… Како додаток на аналитичката острина и имагинативната сочност, расказите ги обединува и една друга клучна компонента: интелигентниот хумор.

Писателката и критичарка Мојца Кумердеј (Љубљана, 1964) завршила филозофија и социологија на културата на Филозофскиот факултет во Љубљана. Работи во редакцијата за култура на весникот Дело. Досега има објавено две збирки раскази и два романи.

Превод од словенечки јазик: Иванка Апостолова Баскар

Книгата е објавена со поддршка на литературната мрежа Традуки.

200.00 ден

Детали за Книгата

Страници

200

Дизајн на насловна

Бранко Прља

Издавачка куќа

Готен

Јазик

македонски

ISBN

978-608-4625-90-2

Издадена

2017

Едиција

Контемпоранеа

За Авторот

Мојца Кумердеј

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Темна материја”