Manja Velichkovska

Open call: Translations Collider Academy

International Academy on Literary Management and Translation PromotionMay 13 - 18, 2022 - Struga, North Macedonia | May 2023 - Tirana, Albania  The Translations Collider Project Academy aims to explore ways to overcome the imbalances in the literary translation traffic in Europe. The Academy will create a community of literary management professionals from the Balkans and other parts of Europe, who are committed to play a part in the international literary communication. The Academy will offer tools, ideas and contacts to advance less translated literatures in today’s highly competitive world. The Translations Collider Academy will give participants the chance to:   Discuss and refine the...

Продолжи со читање →

Достапно електронското издание на публикацијата „Сите драјвери вклучени“

„Сите драјвери вклучени; извештај (факти, анализа и препораки) за македонската литература во превод (2015-2020)“ е студија чија цел е да направи пресек, скенирање на состојбата во полето на книжевните преводи и објавувањето литература од автори кои пишуваат на македонски јазик на другите европски јазици. Анализата можете да ја преземете на следниот линк. Таа треба да го надополни недостигот на анализи и истражувања врз база на податоци и факти во полето на издаваштвото. Тоа е значајна културна област и за високите уметнички вредности на еден народ и на една држава и за одржувањето на интеркултурната комуникација и соработката меѓу европските земји...

Продолжи со читање →

Објавен на македонски романот „Циганин ама најубавиот“ од Кристијан Новак

Романот „ Циганин ама најубавиот“,  кој Хрватското друштво на писатели го прогласи за најдобро прозно дело во 2017 година, овенчано со наградата „ Ксавер Шандор Џалски“, а освои и други награди, е објавен на македонски јазик од издавачката куќа „ Готен“, во превод на Владимир Јанковски. Ова е трет роман на хрватскиот писател Кристијан Новак. „Циганин, ама најубавиот“, е роман кој може да се чита како криминалистички роман, љубовна приказна, општествена критика, како и филозофско дело за тоа колку нештата навистина се такви какви што изгледаат. „Циганин, ама најубавиот“ е роман кој може да се чита како криминалистички роман, љубовна...

Продолжи со читање →

Рецензија на збирката раскази „Љубовта на триесет и петгодишната жена“ од Калин Терзијски

(Рецензија на Марија Саревска за збирката раскази „Љубовта на триесет и петгодишната жена“ од Калин Терзијски. Превод од бугарски јазик: Душко Крстевски) Леснотија и дури некаква удобност во непридушените вулгарности, отворената дрскост и до болка искрената вистина за нештата овде и тука, за животот кој нема одложување, кој или се живее или секој ден се голта со голема грутка во грлото додека и не се претвориш самиот во неа – тоа е единствениот верен начин на кој Калин Терзијски може да ги раскаже приказните на своите ликови во збирката раскази „Љубовта на триесет и пет годишната жена“. Збирката раскази „Љубовта...

Продолжи со читање →

Марјанџела Бјанкофјоре на преведувачка резиденција во Скопје

Преведувачката од македонски на италијански јазик, Марјанџела Бјанкофјоре, во август престојува на преведувачка резиденција во Скопје. Резиденцијата се реализира во рамки на меѓународниот проект „Превод во движење“ (Translation in Motion), чиј македонски партнер е издавачката куќа „Готен“. Партнерски организации на „Готен“ во овој проект се организации од Франција, Црна Гора, Бугарија, Шведска, Албанија, Летонија и Србија. Проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Марјанџела Бјанкофјоре за време на својот престој во Скопје ќе работи на преводот на италијански јазик на романот „Идол на ѕидот“ од Елена Филиповска. Станува збор за дистописки роман, сместен во имагинарна сегашност-иднина. Романот...

Продолжи со читање →

Преведувачката Соња Должан на преведувачка резиденција во Скопје

Преведувачката од македонски на словенечки јазик, Соња Должан, престојува на преведувачка резиденција во Скопје. Резиденцијата се реализира во рамки на проектот „Превод во движење“, меѓународен проект кој опфаќа резиденции на книжевни преведувачи во Франција, Шведска, Велика Британија, Летонија, Црна Гора, Бугарија, Албанија и Србија. Целта на проектот е да се зголеми соработката меѓу книжевните преведувачи од земјите во кои се реализира и да се интензивира книжевната размена во земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Во рамки на преведувачките резиденции, преведувачите и преведувачките работат на конкретен книжевен превод, кој потоа ќе биде објавен во нивните земји. За време...

Продолжи со читање →

Рецензија за збирката раскази „Два света“ од Сузана Тратник

(Рецензија на Марија Саревска за збирката раскази „Два света“ од Сузана Тратник. Превод од словенечки јазик: Дарко Јан Спасов) Во општеството, во религијата, во науката, во уметноста и во книжевноста најчесто е полесно, попрецизно и појасно кога нештата што ја сочинуваат човечката егзистенција се дефинирани, класифицирани, поделени и именувани, ама тоа не значи дека сите аспекти од човекот како независна единка, самостоен и уникатен ентитет можат да бидат опфатени, разбрани на тој начин. Бидејќи секој пат сме соочени со најмалку „два света“ кои треба да ги препознаеме, па потоа и да ги осознаеме ако сакаме да го разбереме нашето постоење...

Продолжи со читање →

Анамарија Цинеге Панзова на преведувачка резиденција во Скопје

Преведувачката од македонски на унгарски јазик, Анамарија Цинеге Панзова, во август престојува на преведувачка резиденција во Скопје. Резиденцијата се реализира во рамки на меѓународниот проект „Превод во движење“ (Translation in Motion), чиј македонски партнер е издавачката куќа „Готен“. Партнерски организации на „Готен“ во овој проект се организации од Франција, Црна Гора, Бугарија, Шведска, Албанија, Летонија и Србија. Проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Цели на резиденцијатаЗа време на својот престој, Анамарија Цинеге Панзова ќе работи на преводот на унгарски јазик на „Антологијата на македонската книжевност“ објавена од Институтот за македонска литература. Антологијата опфаќа избор на најзначајните...

Продолжи со читање →

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на преводот

Издавачката куќа „Готен“ е македонскиот партнер во проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion), кој поставувајќи акцент на работата на книжевни преведувачи, ја потенцира нивната улога во доближувањето на различните култури, во градењето дијалог меѓу нациите и создавањето можности за соработка и разбирање. По повод 30 септември, Меѓународниот ден на преводот, го пренесуваме текстот „Двојни значења“ на Влада Урошевиќ, во кој тој зборува за некои тешкотии поврзани со преведување на поезијата. Секој збор носи во себе повеќе значења; понекогаш – цел грст. Поетот, во многу случаи, смета не само на едното од нив; оттаму тешкотијата на преведувањето поезија. Во секој...

Продолжи со читање →

Средба на ментори за книжевен превод во рамки на проектот „Превод во движење“

Во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) на 16 и 17 септември 2021 година во Цетиње, Црна Гора, се одржа средба на ментори за книжевен превод. На средбата учествуваа искусни и идни ментори од девет земји од Европската Унија и Западен Балкан. Учесниците на средбата разговараа и разменија методологии во врска со најдобрите практики поврзани со книжевниот превод. Во рамки на средбата имаше и неколку презентации чија цел беше да им се помогне на партнерите во проектот „Превод во движење“ од Западен Балкан да ја организираат програмата на работилниците за превод кои во 2022 година ќе се...

Продолжи со читање →