Настани

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на преводот

Издавачката куќа „Готен“ е македонскиот партнер во проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion), кој поставувајќи акцент на работата на книжевни преведувачи, ја потенцира нивната улога во доближувањето на различните култури, во градењето дијалог меѓу нациите и создавањето можности за соработка и разбирање. По повод 30 септември, Меѓународниот ден на преводот, го пренесуваме текстот „Двојни значења“ на Влада Урошевиќ, во кој тој зборува за некои тешкотии поврзани со преведување на поезијата. Секој збор носи во себе повеќе значења; понекогаш – цел грст. Поетот, во многу случаи, смета не само на едното од нив; оттаму тешкотијата на преведувањето поезија. Во секој...

Продолжи со читање →

Средба на ментори за книжевен превод во рамки на проектот „Превод во движење“

Во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) на 16 и 17 септември 2021 година во Цетиње, Црна Гора, се одржа средба на ментори за книжевен превод. На средбата учествуваа искусни и идни ментори од девет земји од Европската Унија и Западен Балкан. Учесниците на средбата разговараа и разменија методологии во врска со најдобрите практики поврзани со книжевниот превод. Во рамки на средбата имаше и неколку презентации чија цел беше да им се помогне на партнерите во проектот „Превод во движење“ од Западен Балкан да ја организираат програмата на работилниците за превод кои во 2022 година ќе се...

Продолжи со читање →

Објавен романот „Врски“ од француската писателка Емануела Пагано

Издавачката куќа Готен го објави романот „Врски“ од француската писателка Емануела Пагано. Преводот од француски јазик е на Ацо Пероски. Што е љубовта? Дали нејзините манифестации се бесконечни? Во што се состои нејзината повторливост? Дали една куса ситуација може да објасни цела љубовна приказна? Кога е љубовта поинтензивна, кога е кус фрагмент или кога е голема заокружена приказна? Романот „Врски“ се обидува да одговори на овие прашања, внесувајќи нè во светот на љубовните приказни на повеќе од 300 различни врски. Книгата опфаќа сцени меѓу сите родови и сексуалности, вклучувајќи ги првите состаноци, неверства, зависности, задоволства, незадоволства, горчливи сеќавања, големи страсти......

Продолжи со читање →

Објавена книгата „Viola arsenica; белешки за поезија“ од Влада Урошевиќ

Книгата содржи и кус ликовен есеј на авторот на тема „Наука и уметност“, а завршува со фото-есејот на фотографот Роберт Јанкуловски на тема „Авторот и моделот“.

Продолжи со читање →

Две преведувачки од македонски јазик на книжевна резиденција во Скопје

Две преведувачки на литературни дела од македонски јазик, Анамарија Цинеге Панзова и Марјанџела Бјанкофјоре, во август престојуваат на преведувачка резиденција во Скопје. Резиденцијата се реализира во рамки на меѓународниот проект „Превод во движење“ (Translation in Motion), чиј македонски партнер е издавачката куќа „Готен“. Партнерски организации на „Готен“ во овој проект се организации од Франција, Црна Гора, Бугарија, Шведска, Албанија, Летонија и Србија. Проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. „Превод во движење“ е проект чија цел е збогатување и засилување на протокот на преведената литература во Европа и особено меѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на...

Продолжи со читање →

Објавен романот „Амок; луксембуршка љубовна приказна“ од писателот од Луксембург Тулио Форџарини

Издавачката куќа Готен го објави романот „Амок; луксембуршка љубовна приказна“ од писателот од Луксембург Тулио Форџарини. Преводот од италијански јазик е на Анета Симовска. „Амок; луксембуршка љубовна приказна“ е роман на луксембуршкиот писател Тулио Форџарини за кој во 2013 година ја добива наградата за литература на Европската Унија. Романот низ призмата на петнаесетгодишниот протагонист кој живее на општествените маргини проговорува за проблемите на социјалната изолација, запоставеноста, недостигот на перспектива, нарушувањето во однесувањето и бесмисленото насилство. Книгата е напишана на толку интензивен начин што го вовлекува читателот во фиктивниот свет на главните ликови кои, пак, се обидуваат да побегнат од стварноста....

Продолжи со читање →

Радмила Петровиќ на резиденцијален престој во Скопје во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“

Во јули на резиденцијален престој во Скопје во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“ (Reading Balkans) е писателката од Србија Радмила Петровиќ. Петровиќ е авторка на три збирки поезија: „Мирисот на земјата“, „Целулозен рокенрол“ и „Мојата мајка знае што се случува во градовите“. Од „Мојата мајка знае што се случува во градовите“ е песната Девојка која не верува во митови, во превод на Звонко Димоски. Девојка која не верува во митови кај гатачка сме биле тато, мама и јас рекле дека ќе бидам машко и нешто големо ми го спасило животот девојчињата кои вака ќе се родат не знаат за...

Продолжи со читање →

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА РЕЗИДЕНЦИИ ЗА ЛИТЕРАТУРНИ ПРЕВЕДУВАЧИ ВО СКОПЈЕ

ПРОГРАМА НА ПРОЕКТОТ „ПРЕВОД ВО ДВИЖЕЊЕ“ (TRANSLATION IN MOTION), ЈУНИ 2021 – ДЕКЕМВРИ 2021 Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) ги поканува литературните преведувачи кои преведуваат од македонски јазик на јазиците на земјите-членки на Европската Унија да конкурираат за резиденцијален престој во Скопје. „Превод во движење“ е програма чија цел е збогатување и засилување на протокот на преведената литература во Европа и особено меѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Препознавајќи ги литературните преведувачи како влијателни и клучни амбасадори на културниот дијалог, оваа програма обезбедува меѓународна мобилност и професионален развој...

Продолжи со читање →

Книгата на Влада Урошевиќ „Viola arsenica; белешки за поезијата (1959 – 2019) наскоро во издание на Готен

Помеѓу песните на Кочо Рацин, напишани на македонски, но кои не влегле во „Бели мугри“, има една која носи наслов „До еден работник”. Објавена е 1936 година во загрепското списание „Књижевник”. Нејзината последна строфа (денес по малку наивна во својата директност, но тогаш сосема во духот на борбениот експресионизам од лева провениенција) гласи: О, братко! Плукни на таков живот! Со браќата твои, со маката ваша, сонете го овој свет и нов направете – братски! Александар Спасов, нашиот најзначаен рацинолог, ја преобјавува оваа песна во книгата „Кочо Рацин – Стихови и проза“ (1954) со исправени печатни грешки. Во белешките на крајот...

Продолжи со читање →

(видео) Разговор со Николај Бојков, кој е на книжевна резиденција во Скопје

Писателот од Бугарија Николај Бојков во ноември престојуваше на книжевна резиденција во Скопје. Резиденцијата се реализира во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“, кој е поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“. Во рамки на престојот, Бојков се запозна со книжевната сцена во Македонија, оствари средби со неколку уредници од издавачки куќи, а особено е важно да се истакне дека направи превод од македонски на бугарски јазик на прозни текстови на неколку македонски автори, меѓу на Оливера Ќорвезироска, Елизабета Баковска, Ѓорѓи Крстевски, Иван Шопов итн. Николај Бојков е поет, прозаист,...

Продолжи со читање →