Настани

Средба на ментори за книжевен превод во рамки на проектот „Превод во движење“

Во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) на 16 и 17 септември 2021 година во Цетиње, Црна Гора, се одржа средба на ментори за книжевен превод.

На средбата учествуваа искусни и идни ментори од девет земји од Европската Унија и Западен Балкан. Учесниците на средбата разговараа и разменија методологии во врска со најдобрите практики поврзани со книжевниот превод. Во рамки на средбата имаше и неколку презентации чија цел беше да им се помогне на партнерите во проектот „Превод во движење“ од Западен Балкан да ја организираат програмата на работилниците за превод кои во 2022 година ќе се одржат во Македонија, Албанија, Бугарија и Србија.  

На средбата учествуваа:

Јорн Камбеленг (Франција), книжевен преведувач, директор на ATLAS (здружение за промоција на книжевниот превод), програмски уредник на обуки за книжевен превод;

Денс Диминш (Летонија), книжевен преведувач од шест јазици на летонски јазик, обучувач за книжевен превод;

Патриција Клобушички (Германија), преведувачка од англиски и француски на германски јазик, поранешна раководителка на Здружението на преведувачи на Германија;

Надја Радулова (Бугарија), преведувачка од англиски на бугарски јазик, наградувана поетеса, програмска директорка и предавачка на Есенското студио за книжевен превод во Софија;

Марија Кривокапиќ (Црна Гора), вонредна професорка на Катедрата за англиски литература и јазик на Универзитетот во Црна Гора;

Јелена Костиќ Томовиќ (Србија), професорка по германска лингвистика на Универзитетот во Белград;

Бен Адони (Албанија), новинар од областа на културата, публицист и преведувач од јазиците од поранешна Југославија и од англиски јазик;

Милан Дамјаноски (Македонија), вонреден професор по литература и превод и толкување на Катедрата за англиски јазик и литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и преведувач од англиски на македонски јазик;

Тања Петрич (Словенија), наградувана книжевна преведувачка од германски на словенечки јазик, книжевна критичарка и уредничка;

Јана Генова (Бугарија), сегашна претседателка на мрежата RECIT и проектна менаџерка на „Превод во движење“, директорка на фондацијата Next Page и основачка на Куќата за книжевност и превод во Софија и Есенското студио за книжевен превод, со повеќе од 20 години искуство во меѓународни културни иницијативи како менаџерка, програмска уредничка, консултантка, истражувачка и евалуаторка.

Проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) е поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

#CreativeEurope

#CreativeEurope4Books



Остави Коментар