Настани

Книжевна вечер со Лара Миховиловиќ, од Словенија, гостинка на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа

Во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки, во Скопје во текот на ноември престојуваше поетесата и преведувачка Лара Миховиловиќ, од Словенија.

Продолжи со читање →

Имануел Мифсуд од Малта, гостин на Издавачката куќа Готен на Саемот на книга

Еден од најреномираните современи автори од Малта, Имануел Мифсуд, добитник на Европската награда за литература, е гостин на Издавачката куќа Готен на Саемот на книга. Токму награденото дело на Мифсуд „Во името на таткото (и на синот“, тукушто излезе од печат во едицијата „Контемпоранеа“ на Готен и ќе биде промовирано, во четврток во 17 часот, во Промотивниот центар на Саемот на книга. Книгата ја преведе Владимир Јанковски. Во чест на авторот, во просториите на ЕУ инфо центарот, во петок во 20 часот ќе се одржи дискусија на тема „Писателот и општествените трауми“, инспирирана и од тековните настани во земјата и...

Продолжи со читање →

Call forapplications: Literary Residency “Absolute Modern”, Skopje 2015

Goten Publishing House in cooperation with the TRADUKI network invite writers and translators from Southeast Europe (Slovenia, Croatia, Serbia, Albania, Kosovo, Bosna and Herzegovina, Montenegro, Bulgaria and Romania) to apply for writers-in-residence program «Absolute Modern», in Skopje, Macedonia.

Продолжи со читање →

Ротару, Кисјов, Аполони, Дрндиќ, Поланц, Чатер и Панчиќ на Апсолутно Модерен 2014

Седум автори ќе престојуваат во Скопје во рамките на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа.

Продолжи со читање →

Две авторски вечери со Теофил Панчиќ во Скопје и Битола

Во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки во март во Скопје престојуваше Теофил Панчиќ, култен колумнист и критичар на белградскиот неделник Време и коментатор на радиото Слободна Европа, како и на редица други медиуми во регионот.

Продолжи со читање →

Промоција на Опсада на црквата Свети Спас

Опсада на црквата Св. Спас е ремек-дело на српската книжевност. Во него, користејќи ги најдобрите манири на постмодерната нарација, Горан Петровиќ опфаќа неколку векови на историја и култура, од раниот среден до крајот на дваесеттиот век, при што вешто испреплетува моќни архетипски слики и метафизички слоеви, но и многу енциклопедиски референци, во духот на борхесовски библиофил. Со тоа создава повеќеслоен роман, околу чиишто значења сѐ уште се пишуваат научни студии, но и се кршат копјата во книжевната критика. Најдоминантниот слој во романот е силно инспириран од византиската духовност и српската црковна традиција и тоа се гледа во самата градба на...

Продолжи со читање →

Книжевно матине

Почитувани, Издавачката куќа Готен Ве поканувa на Промоцијата на првата книжевна резиденција „Апсолутно модерен“, под покровителство на Традуки и книжевното матине со Андра Ротару, поетеса од Романија, која што е прва гостинка за 2014.

Продолжи со читање →

Промотивна дискусија

Почитувани, Здружението на граѓани Есперанца и Издавачката куќа Готен Ве поканувaат на Промотивна дискусија по повод објавувањето на книгата „Креативните индустрии помеѓу митот и реалноста“ од Давор Буињац. Воведен збор на дискусијата ќе има Роберт Алаѓозовски, а учесници ќе бидат, самиот автори, Давор Буињац, Билјана Тануровска – Ќулавковски и Нада Пешева. Настанот ќе се одржи во промотивната сала на Скопски саем, среда, 9 април, 14 часот. Оваа книга е сублимен приказ на улогата и значењето на креативните индустрии во добата на т.н. „нова економија“. Книгата е поделена на два дела: теориски и практичен. Во првиот дел се обработуваат најбитните дилеми...

Продолжи со читање →

“Ангажманот меѓу ЕУ и Балканот” авторска вечер со Теофил Панчиќ

Ни претставува задоволство да ве поканиме на авторската вечер „Ангажманот помеѓу Балканот и ЕУ“ со Теофил Панчиќ, култен колумнист и критичар на белградскиот неделник Време и коментатор на радиото Слободна Европа, како и на редица други медиуми во регионот.

Продолжи со читање →