Во рамките на повеќегодишната соработка со мрежата Традуки, на Саемот на книгата во Лајпциг што се одржа од 15 до 18 март 2012 година, издавачката куќа Готен организира национален штанд на Република Македонија. Со тоа претставувањето на Македонија на Саемот на книгата се издигна на највисоко ниво. На штандот беа изложени дела од современи македонски писатели, речиси сите коишто имале свој превод на дела на германски јазик, неколку монографии за Македонија
Македонија со национален штанд и богата програма на Меѓународниот Саем на книгата во Лајпциг, Германија
