Бумеранг

Романот Бумеранг ја донесува приказната за „бумеранг генерацијата“ во која бумерангот претставува метафора за постојаното враќање на почетокот и тргнувањето од нула.

Станува збор за општествено ангажиран роман во кој приказната за четворица 35-годишници и нивните проблеми при снаоѓањето во материјално и духовно опустошениот простор на современата Босна и Херцеговина е комбинирана со приказната за обновувањето на локалната библиотека како начин за обновување на духовната клима на пограничното гратче Брод. Во приказната Благојевиќ успешно ја вткајува и љубовната приказната на нараторот.

Берислав Благојевиќ е роден 1979 година во Славонски Брод, а последните 20 години живее и работи Бања Лука. Пишува проза и поезија, а има објавено шест печатени, како и по една аудио и електронска книга. Најважни дела му се: Револуционер (кратки раскази, 2012), Потивки од водата (роман, 2013), Ние во маглата (поезија, 2015) и Бумеранг (роман, 2016). За романот Бумеранг ја добива најзначајната книжевна награда во Република Српска, наградата на Здружението на писателите на Република Српска.

Превод од српски јазик: Марија Саревска-Тодоровска

Книгата е издадена со поддршка на Министерството за култура на Република Србија.

 

150.00 ден

Детали за Книгата

Страници

144

Дизајн на насловна

Бранко Прља

Издавачка куќа

Готен

Јазик

македонски

ISBN

978-608-4625-87-2

Издадена

2017

Едиција

Контемпоранеа

За Авторот

Берислав Благојевиќ

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Бумеранг”