You must be logged in to post a review.
Допирот на пијанистот
Романот Допирот на пијанистот ја раскажува приказната за генијалниот њујоршки пијанист Габриел Голдман. Книгата се отвора кон читателот како калинка: неколку зрнца филозофски роман, неколку зрнца роман за уметноста, неколку зрнца љубовна приказна. Комел префинето ги комбинира јазичните игри и разновидните раскажувачките слоеви за да ја долови целата магија и проклетството на човекот надарен со невообичаен талент за свирење и создавање музика. Книгата може да се чита и како парабола за уметничкото творештво и за односот на големите уметници кон создавањето.
Мирт Комел е писател и филозоф, предавач на Факултетот за општествени науки и на Факултетот за филозофија во Љубљана. Автор е на бројни научни дела, а неговите книжевни дела варираат од драми и драмски песни до текстови за патување. Допирот на пијанистот е негов прв роман.
Превод од словенечки јазик: Иванка Апостолова Баскар
Книгата е објавена со поддршка на Јавната агенција за книга на Република Словенија
200.00 ден
Детали за Книгата
Страници | 180 |
---|---|
Дизајн на насловна | Бранко Прња |
Издавачка куќа | Готен |
Јазик | македонски |
ISBN | 978-608-4625-88-9 |
Издадена | 2017 |
Едиција | Контемпоранеа |
Reviews
There are no reviews yet.