Циклусот на книжевни резиденции за 2024 во Скопје во организација на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, заврши со престојот на српската писателка Маријана Чанак во текот на месец септември. Маријана Чанак (1982, Суботица, Југославија) е прозна авторка со пет книги зад себе: Свето тројство (роман, 2024), Пат од црвени цигли (раскази, 2023), Клара, Клариса (роман, 2022), Прамајки (раскази, 2019 проширено издание 2023), Улични продавачи на улици, (кратка проза, 2002). Дипломирала на Универзитетот во Нови Сад, Филозофски факултет, Катедра за српска литература и јазик (2007). Запишала Родови студии на Центарот за интердисциплинарни постдипломски студии...
Претставување и разговор со писателот Сунил Ман
На 25 јули (четврток), со почеток во 20:00, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателот Сунил Ман. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски. Сунил Ман (1972) е швајцарски писател кој пишува на германски јазик. Потекнува од семејство на доселеници од Индија. Студирал психологија и германски јазик. Почнува да објавува во 2001 година. Главно пишува криминалистички романи и раскази. Досега има објавено шест романи за возрасни, три романи за деца и четири збирки раскази. Добитник е на повеќе книжевни награди, меѓу кои наградата „Агата Кристи“ на фондацијата „С. Фишер“ и...
Писателот Никола Николиќ е на резиденцијален престој во Скопје
Црногорскиот писател Никола Николиќ е на резиденцијален престој во Скопје, поддржан од Европската мрежа за превод и книги „Традуки“, во партнерство со издавачката куќа Готен. Во рамки на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, писателот Никола Николиќ, во текот на месец мај престојува во Скопје со цел подобро да се запознае со книжевноста, интелектуалната и културната сцена и да оствари продлабочени и трајни контакти, кои во перспектива ќе бидат основа за зацврстување на врските со македонската книжевност и култура. Николиќ во Скопје посетува културни настани, организации и институции. Првото дружење со македонската публика го оствари во рамки на...
Разговор со писателот Маринко Кошчец
На 19 април (петок), со почеток во 18:30, на саемот на книга во Скопје ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателот и преведувачот Маринко Кошчец. Настанот ќе се одржи на штандот на издавачката куќа Антолог. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски. Маринко Кошчец (Загреб, 1967), дипломирал англиски и француски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Магистрирал во областа на семиологијата на универзитетот Париз VII и науката за книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Во 2005 година докторирал со делото „Поетиката на Мишел Уелбек. Наратолошка, стилистичка и контекстуална анализа на опусот“. Работи како вонреден професор на Катедрата за романистика на Филозофскиот факултет во Загреб. Освен научни...
Писателката и сценаристка Дора Шустиќ на книжевна резиденција во Скопје
Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на книжевна резиденција во Скопје во првата половина од април престојува Дора Шустиќ. Дора Шустиќ (1991, Риека) е писателка и сценаристка. Дипломирала политички науки во Љубљана и сценаристика на ФАМУ во Прага. Живеела во Истанбул, Берлин, Љубљана и Загреб, каде што моментлано работи како сценаристка и развива свои филмски и книжевни проекти. Објавува кратки раскази, песни, новинарски текстови и есеи на хрватски, словенечки и англиски јазик. Нејзиниот дебитантски роман „Пци“, објавен во 2023 година, беше финалист за најзначајната награда за роман во...
Писателката Билјана С. Црвенковска на студиски и работен престој во Словенија
Писателката и главната уредничка на издавачката куќа „Чудна шума“ од Скопје, Билјана С. Црвенковска, е на еднонеделен студиски и работен престој во издавачката куќа „Виге Ваге књиге“ од Љубљана, Словенија. Нејзиниот престој се реализира во рамки на меѓународниот проект Balkan Translations Collider, во кој професионалци од областа на литературата и издаваштвото имаат можност да престојуваат во различни издавачки куќи и други организации од областа на литературата кои не се од нивните земји, со цел да стекнат различно меѓународно искуство. Посетата на Црвенковска во издавачката куќа „Виге Ваге књиге“ опфаќа размена на искуства, вмрежување и можност за идна соработка. Црвенковска учествува активно во работата на „Виге Ваге књиге“, издавач кој има сличен развоен пат како издавачката куќа „Чудна шума“ – мал, независен издавач кој активно издава стрипови и графички романи, а од неодамна...
Резиме на мапирањето на резиденцијалните програми за преведувачи во Европа
Во рамки на проектот „Превод во движење“, европската мрежа на центри за книжевен превод RECIT изработи „Мапирање на резиденцијалните програми за преведувачи во Европа“. Дигиталното издание на „Мапирањето на резиденцијалните програми за преведувачи во Европа“ е достапно на следниот линк: https://drive.google.com/file/d/16MC1drKQ9_vHdg1dgcClFwsumEWNyHy1/view?usp=drive_link Издавачката куќа Готен, како партнер во проектот, изработи резиме на Мапирањето на македонски јазик. ПДФ верзијата од резимето е достапна на следниот линк. Превод во движење (Translation in Motion) е проект кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. https://www.re-cit.org/a-mapping-of-literary-translation-residencies-in-europe/?fbclid=IwAR3ujUyKv4piKJuNQWRoI3kQPNJKr70h7ckM66Z3A-8Pd66bBx9aRrOfxM8#summary
Дигитално издание на „Мапирањето на резиденцијалните програми за преведувачи во Европа“
Дигиталното издание на „Мапирањето на резиденцијалните програми за преведувачи во Европа“ достапно на следниот линк: https://www.re-cit.org/a-mapping-of-literary-translation-residencies-in-europe/?fbclid=IwAR3VPbq0U_6VZKpMm9CJE2p1bdw7S5bA1UHYLaPs7ShmqHjZefbnyWSfJMA#summary Мапирањето е дел од проектот „Превод во движење“ во кој Готен е партнер со повеќе организации од Европа. Накусо за „Мапирањето“: – ги претставува различните можности за креативни резиденции низ цела Европа; – ја прикажува разновидноста на организациските модели и моделите на поддршка на центрите за книжевен превод; – нуди типологија на разните програми; – вклучува студии на случај и различни форми на собирање средства. Мапирањето е изработено од RECIT, европска мрежа на центри за книжевен превод, во рамки на проектот „Превод во движење“. Превод во движење (Translation in Motion) е проект кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на...
„Кога две песни и неколку раскази…“ литературно читање со Милена Илиќ, Николина Андова Шопова, Јовица Ивановски и Горѓи Крстевски
Ве известуваме дека на 19 јули (среда) со почеток во 20 часот, кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи литературното читање со Милена Илиќ, Николина Андова Шопова, Јовица Ивановски и Горѓи Крстевски насловено „Кога две песни и неколку раскази...“ Повод за настанот е преведувачката резиденција на Милена Илиќ во Скопје, а на настанот ќе настапат дел од писателите кои Милена Илиќ ги превела на српски јазик. Модератор на настанот ќе биде Владимир Јанковски. Милена Илиќ (Белград, 1978) дипломирала на Катедрата за книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Пишува песни и кратки раскази и преведува од македонски на српски јазик. Во 2009 година...
Преведувачката Милена Илиќ на преведувачка резиденција во Скопје
Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“,поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на преведувачкарезиденција во Скопје во јули престојува Милена Илиќ. Милена Илиќ е родена 1978 година во Белград. Дипломирала на Катедратаза книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Пишува песни и краткираскази и преведува од македонски на српски јазик. Во 2009 година ја објавувапоетската книга „Хепи микро вумн блуз“. Нејзин расказ е вклучен во антологијатана млади автори „Простор за влажниот пес“, а нејзините песни биле дел од неколкуантологии. Милена Илиќ во овој момент е една од најактивните преведувачки одмакедонски на српски јазик. Нејзините преводи на...