Manja Velichkovska

Две преведувачки од македонски јазик на книжевна резиденција во Скопје

Две преведувачки на литературни дела од македонски јазик, Анамарија Цинеге Панзова и Марјанџела Бјанкофјоре, во август престојуваат на преведувачка резиденција во Скопје. Резиденцијата се реализира во рамки на меѓународниот проект „Превод во движење“ (Translation in Motion), чиј македонски партнер е издавачката куќа „Готен“. Партнерски организации на „Готен“ во овој проект се организации од Франција, Црна Гора, Бугарија, Шведска, Албанија, Летонија и Србија. Проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. „Превод во движење“ е проект чија цел е збогатување и засилување на протокот на преведената литература во Европа и особено меѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на...

Продолжи со читање →

Радмила Петровиќ на резиденцијален престој во Скопје во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“

Во јули на резиденцијален престој во Скопје во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“ (Reading Balkans) е писателката од Србија Радмила Петровиќ. Петровиќ е авторка на три збирки поезија: „Мирисот на земјата“, „Целулозен рокенрол“ и „Мојата мајка знае што се случува во градовите“. Од „Мојата мајка знае што се случува во градовите“ е песната Девојка која не верува во митови, во превод на Звонко Димоски. Девојка која не верува во митови кај гатачка сме биле тато, мама и јас рекле дека ќе бидам машко и нешто големо ми го спасило животот девојчињата кои вака ќе се родат не знаат за...

Продолжи со читање →

Једрт Лапух Малезич престојува на книжевна резиденција во Скопје

Ве известуваме дека словенечката писателка Једрт Лапух Малезич во мај престојува на книжевна резиденција во Скопје. Резиденцијата се реализира во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“, кој е поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“. Во рамки на престојот, авторката ќе работи на својата нова книга, ќе има можност да се запознае со книжевната цена во земјата, а ќе настапи и на книжевниот фестивал „Про-за Балкан“. Једрт Лапух Малезич (1979) е словенечка писателка и преведувачка. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Љубљана, на Катедрата за преведување и толкување. Преведува од англиски...

Продолжи со читање →

Романот „3 минути и 53 секунди“ на Бранко Прља ќе биде објавен во САД

Македонскиот писател Бранко Прља потпиша договор со американската издавачка куќа „Далки аркајв прес“ за издавање на неговиот роман на англиски јазик „3 минути и 53 секунди“ (објавен под псевдонимот Берт Стајн). Станува збор за една од најреномираните издавачки куќи во САД кои објавуваат литературни преводи и имаат професионална дистрибуција на американскиот пазар. Романот „3 минути и 53 секунди“ во 2015 година беше финалист за наградата Роман на годината на „Утрински весник“. Бранко Прља активно издава од 2003 година и е автор на повеќе од 15 дела, помеѓу кои повеќе збирки проза и 5 романи. Основач е на креативниот колектив „Капка“, првиот...

Продолжи со читање →