Manja Velichkovska

Промоција на романот „Бежанци“ од Весела Љахова

Видео запис од промоцијата на романот „Бежанци“ и разговорот со авторката Весела Љахова. Настанот се одржа на 26 август, со почеток во 20.30, во просториите на „Кино Култура“. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=plIAlXHlQ8U[/embed]

Продолжи со читање →

Промоција на романот „Клада“ од Ѓерѓ Драгоман

Видео запис од промоцијата на романот „Клада“ од унгарскиот писател Ѓерѓ Драгоман. Настанот се одржа на 12 септември, со почеток во 20.30 часот, во просториите на „Кино Култура“.   [embed]https://www.youtube.com/watch?v=bNONlOLH99Y[/embed]

Продолжи со читање →

Писателот Неџат Ибрахимовиќ на книжевна резиденција во Скопје

До крајот на септември, во рамки на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточно Европа „Апсолутно модерен“, во Скопје ќе престојува писателот Неџат Ибрахимовиќ. Неџат Ибрахимовиќ е роден 1958 година во Тузла. Тој е книжевен и филмски критичар, сценарист и автор на документарни филмови. Завршил Педагошки факутет во Осиек и постдипломски студии во областа на книжевноста на Филозофскиот факултет во Загреб. Докторирал на Филозофскиот факултет во Тузла во областа на книжевноста на Босна и Херцеговина. Завршил и телевизиски студии на Медија-академијата во Холандија. Објавувал книжевни студии и интерпретации, театарска и филсмка критика во различни списанија и снимал документарни филмови...

Продолжи со читање →

Промоција на романот „Клада“ од Ѓерѓ Драгоман

Промоцијата на романот „Клада“ од Ѓерѓ Драгоман се одржа  на 12 септември, со почеток во 20.30 часот, во просториите на „Кино Култура“. Промотор на изданието беше Ермис Лафазановски. „Клада“ е третиот роман на унгарскиот писател од поновата генерација Ѓерѓ Драгоман. Романот претставува возбудлива комбинација од роман за растењето и созревањето, историски роман и книга напишана во традицијата на магичниот реализам. Станува збор за напната приказна поставена врз фонот на револуционерните случувања при падот на комунизмот во источна Европа. Главниот лик е Ема, девојче спасено од дом за сираци од нејзината необична баба, која никогаш претходно не ја сретнала. Раскажан од перспектива...

Продолжи со читање →

Промоција на романот „Бежанци“ од Весела Љахова

Промоцијата на романот „Бежанци“ и разговорот со авторката Весела Љахова се одржаа на 26 август, со почеток во 20.30, во просториите на „Кино Култура“. Разговорот го водеше Владимир Јанковски. Објавувањето и промоцијата на книгата се поддржани од програмата Креативна Европа на Европската Унија, а објавувањето на романот е поддржан од Националниот центар за книга на Р. Бугарија. Бежанци на Весела Љахова (1961) е историски роман кој врз фонот на мошне специфичните и многу често на контроверзен начин толкувани историски настани прикажува многубројни човекови судбини. Книгата претставува глас на автентично сочувство кон обичниот човек, кон неговите страдања и неговата способност во големите...

Продолжи со читање →

Претставување на малтешкиот писател Пјер Џ. Мејлак

Видео запис од гостувањето на малтешкиот писател Пјер Џ. Мејлак во Скопје, од дискусијата „Миграции, идентитети, преводи и Европа“,  која се одржа на 15 април 2016 година, како и промоцијата на неговата книга раскази „Ноќта те разубеди“ и потпишувањето на книгите одржани следниот ден.   [embed]https://www.youtube.com/watch?v=F2r-c5yymls[/embed]

Продолжи со читање →

Виктор Хорват во Скопје

Видео запис од гостувањето на унгарскиот писател Виктор Хорват во Скопје од дискусијата „Миграции, идентитети, преводи и Европа“,  која се одржа на 15 април 2016 година, како и промоцијата на неговиот роман „Турско огледало“ и потпишувањето на книгите одржани следниот ден. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=PakvpPbwic4[/embed]

Продолжи со читање →

Промоција на „Трето полувреме“ од Емир Имамовиќ Пирке во Скопје

Видео запис од разговорот со босанско-херцеговскиот и хрватскиот писател и новинар Емир Имамовиќ Пирке и промоцијата на неговиот роман „Трето полувреме“, кои се одржаа на 27 јуни 2017 година во просториите на „Кино Култура“ [embed]https://www.youtube.com/watch?v=Kx0S8tELFyk[/embed]

Продолжи со читање →

Книжевен разговор со Ренато Баретиќ и Емир Имамовиќ Пирке

Видео запис од книжевниот разговор со писателите Ренато Баретиќ и Емир Имамовиќ, кој се одржа на 27 јуни 2017 година со почеток во 20.30 во просториите на „Кино Култура“. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=8eeK7stWoiM[/embed]

Продолжи со читање →

Книжевен разговор со писателите Ренато Баретиќ и Емир Имамовиќ

Издавачката куќа „Готен“ ве поканува на книжевниот разговор со писателите Ренато Баретиќ и Емир Имамовиќ, кој ќе се одржи на 27 јуни со почеток во 20.30 во просториите на „Кино Култура“. Разговорот ќе го води Владимир Јанковски. На средбата ќе биде претставено и ќе се разговара за творештвото на Баретиќ и на Имамовиќ. Исто така, ќе бидат отворени теми поврзани со актуелната хрватска книжевност и состојбата со книжевноста во регионот, како и за можностите за поголемо регионално вмрежување и соработка. Во рамки на разговорот ќе се допрат и прашањата поврзани со позицијата на литературата во современото општество и нејзиниот дијалог...

Продолжи со читање →