Еден од најинтересните аспекти на Академијата дефинитивно е отворањето различни теми и пристапи кон прашањето на литературниот менаџмент, со постојаното инсистирање на тоа дека преводите се суштинскиот мост при зголемувањето на видливоста на делата од „малите“ јазици. Почетокот на четвртиот ден беше посветен на културните политики на јавните институции и фондации кои се занимаваат со обезбедување системска поддршка за превод, објавување и циркулација на книжевните дела. Јана Генова од „Некс пејџ“ во своето воведно излагање ја потцрта улогата на министерствата за култура и националните агенции за книга кои се главни актери при креирањето квалитетни јавни културни политики. Во оваа сесија онлајн...
Преводите се суштинскиот мост при зголемувањето на видливоста на делата од „малите“ јазици – четврти ден Академија за литературен менаџмент и промоција на преводите
