Настани

Литературни агенции и презентирање на авторите – трет ден академија за литературен менаџмент

Активностите на третиот ден од Академијата беа фокусирани на литературните агенции и презентирањето на авторите.  Иван Сршен од агенцијата „Сандорф“ од Хрватска ја водеше сесијата, која беше поделена на два дела. Во првиот дел, Андреј Хочевар од издавачката куќа „Гога“ од Словенија и Иван Сршен разговараа за своите искуства поврзани со претставувањето на авторите од просторите на поранешна Југославија. Во вториот дел, Катерина Фрагу, агентка од Грција, и Петер Болза, агент од Унгарија, зборуваа за главните предуслови за квалитетно претставување на авторите од „малите“ земји во меѓународниот книжевен контекст. Болза укажа на тоа дека кога станува збор за Унгарија најмногу се преведуваат дела...

Продолжи со читање →

Академија за литературен менаџмент и промоција на преводите(13 -18 мај, Струга)

„Меѓународна книжевна комуникација и промоција на преводот“ беше насловот на првата сесија под водство на Дијана Волтерс, меѓународен експерт и консултант за културно наследство. Оваа динамична сесија беше отворена со исклучителното излагање на Владислав Бајац, автор и сопственик на издавачката куќа „Геопоетика“, личност со огромно искуство во областа на издаваштвото и преведувањето. Меѓу другото, Бајац се осврна на значајните фактори што влијаат на тоа авторите од „малите“ земји да бидат видливи во пошироки рамки, потенцирајќи го проектот на „Геопоетика“, „Српска проза во превод“, проект кој доби голем одек надвор од границите на Србија. Вториот дел од оваа сесија, наречен „Мапирање...

Продолжи со читање →

Видеозапис за романот „Циганин, ама најубавиот“ од Кристијан Новак

Видео за романот „Циганин, ама најубавиот“ од Кристијан Новак. Превод од хрватски јазик: Владимир Јанковски. https://youtu.be/qGQ5X55qLiQ Видеото за книгата „Циганин, ама најубавиот“ од Кристијан Новак е дел од проектот „Хетеротипии на љубовта“, поддржан од програмата Креативна Европа на Европската Унија.  #CreativeEurope4Books

Продолжи со читање →

Почнува првата сесија на Академијата за литературен менаџмент и промоција на преводите

Првата сесија на Академијата за литературен менаџмент и промоција на преводите почнува на 13 мај во Струга. Академијата е дел од проектот Balkan Translations Collider и нејзината цел е да ги истражува начините за надминување на нерамномерноста на размената на книжевните преводи во Европа. Програмата на академијата се состои од презентации, панел-дискусии и интерактивни работилници предводени од професионални кои имаат искуство во издаваштвото и културната политика. Академијата ќе создаде заедница на професионалци од областа на литературниот менаџмент од Балканот и другите делови од Европа, чија цел е да имаат активна улога во меѓународната литературна комуникација. За сите поврзани настани, следете...

Продолжи со читање →

Книгата „Јоел и Ио Љубовна приказна“ од Геир Гуликсе издадена на македонски јазик

Четврток, сабота или вторник – времето, местото или часот можеби се важни многу подоцна кога ќе им се навраќаме на спомените од најраните периоди на нашето созревање, ама во мигот кога се случува единствено важни се само неколку нешта – мирисот, топлината, и нашата големина во очите на другиот. Затоа што тоа е она што се случува кога не знаеме дека е можно, кога „не знаеме зошто го чекаме, а, сепак, го чекаме“. Отпосле дознаваме дека се вика љубов и дека знае и да боли и да се измолкне во нешто што никогаш не сме ни помислувале дека може да...

Продолжи со читање →

Видеозапис за книгата „Јоел и Ио Љубовна приказна“ од Геир Гуликсен

Кога се случува она нешто што не знаеме зошто, ама сепак го чекаме Кон книгата Јоел и Ио Љубовна приказна од Геир Гуликсен Превод од норвешки: Искра Бадева https://youtu.be/foERUDt58lg Видеото за книгата „Јоeл и Ио; љубовна приказна“ од Геир Гуликсен и Ана Фиске (илустрации) е дел од проектот „Хетеротипии на љубовта“, поддржан од програмата Креативна Европа на Европската Унија. #CreativeEurope4Books http://www.gotenpublishing.com/knigata-joel-i-io-lubovna-prikazna-od-geir-gulikse-izdadena-na-makedonski-jazik/

Продолжи со читање →

Рецензија за книгата „Една жена“ од Петер Естерхази

Раскошна сака/мрази јазично-еротска гозба во нејзина чест(Рецензија на Марија Саревска за книгата „Една жена“ од Петер Естерхази во издание на „Готен“; превод од унгарски јазик: Златко Панзов) Само умешните можат да пишуваат за неа, а тоа да не звучи блуткаво, евтино или наивно. А оние јазично вештите, книжевно искусните, со наталожен интелектуален багаж го прават тоа како што го прави унгарскиот писател Петер Естерхази. Во 97 кратки поглавја од романот „Една жена“ тој создава неисцрпна химна за жената: онаа убавата, грдата, промискуитетната, заводливата, моќната, самостојната, ненаситната, непривлечната, неодоливата, секогаш податливата. Некогаш сака, некогаш мрази, ама секогаш е подготвена за нешто...

Продолжи со читање →

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА РЕЗИДЕНЦИИ ЗА ЛИТЕРАТУРНИ ПРЕВЕДУВАЧИ ВО СКОПЈЕ

Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) ги поканува литературните преведувачи кои преведуваат од македонски јазик на јазиците на земјите-членки на Европската Унија да конкурираат за резиденцијален престој во Скопје.  Ова е втора година од реализацијата на преведувачките резиденции, кои во Скопје можат да се реализираат во периодот од април 2022 до април 2023 година.   „Превод во движење“ е програма чија цел е збогатување и засилување на протокот на преведената литература во Европа и особено меѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Препознавајќи ги литературните преведувачи како влијателни и клучни амбасадори...

Продолжи со читање →

Видео за книгата „Една жена“ од Петер Естерхази

Видео за книгата „Една жена“ од Петер Естерхази. Превод од унгарски јазик јазик: Златко Панзов. Користена музика: https://www.bensound.com Видеото за книгата „Една жена“ од Петер Естерхази е дел од проектот „Хетеротипии на љубовта“, поддржан од програмата Креативна Европа [Creative Europe] на Европската Унија. https://youtu.be/Y5aVnasUB9Y #CreativeEurope4Books http://www.gotenpublishing.com/retsenzija-za-knigata-edna-zhena-od-peter-esterhazi/

Продолжи со читање →

Видео запис за книгата „Прегрни ме цврсто“ од Лоф Ју

Четири другарки, тинејџерки, кои мислат дека се толку блиски што никогаш нема да се скараат за ништо. Сè до мигот кога еден коментар на Месинџер, куче што се вика Атреј, еден графит, објава на блог и песна засекогаш не ги променат нивните животи. Заедно ќе ја откријат љубовта и колку е лесно да израдуваш некого со едноставна и силна прегратка. „Прегрни ме цврсто“ е роман наменет за публиката на возраст од 14 до 18 години. https://youtu.be/1drsnTU8qKQ Видеото за книгата а книгата „Прегрни ме цврсто“ од Лоф Ју е дел од проектот „Хетеротипии на љубовта“, поддржан од програмата Креативна Европа на...

Продолжи со читање →