Новости

„Кога две песни и неколку раскази…“ литературно читање со Милена Илиќ, Николина Андова Шопова, Јовица Ивановски и Горѓи Крстевски

Ве известуваме дека на 19 јули (среда) со почеток во 20 часот, кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи литературното читање со Милена Илиќ, Николина Андова Шопова, Јовица Ивановски и Горѓи Крстевски насловено „Кога две песни и неколку раскази...“ Повод за настанот е преведувачката резиденција на Милена Илиќ во Скопје, а на настанот ќе настапат дел од писателите кои Милена Илиќ ги превела на српски јазик. Модератор на настанот ќе биде Владимир Јанковски. Милена Илиќ (Белград, 1978) дипломирала на Катедрата за книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Пишува песни и кратки раскази и преведува од македонски на српски јазик. Во 2009 година...

Продолжи со читање →

Преведувачката Милена Илиќ на преведувачка резиденција во Скопје

Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“,поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на преведувачкарезиденција во Скопје во јули престојува Милена Илиќ. Милена Илиќ е родена 1978 година во Белград. Дипломирала на Катедратаза книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Пишува песни и краткираскази и преведува од македонски на српски јазик. Во 2009 година ја објавувапоетската книга „Хепи микро вумн блуз“. Нејзин расказ е вклучен во антологијатана млади автори „Простор за влажниот пес“, а нејзините песни биле дел од неколкуантологии. Милена Илиќ во овој момент е една од најактивните преведувачки одмакедонски на српски јазик. Нејзините преводи на...

Продолжи со читање →

Меѓународна академија за книжевен менаџмент и промоцијата на преводите – петти ден (видео)

Фокусот на петтиот и последен ден од Меѓународната академија за книжевен менаџмент и промоцијата на преводите беше обезбедувањето средства во културата. Предавачи беа Јана Генова, директор на фондацијата „Некс пејџ“ од Софија и Анеида Бајрактари Бицја, основач и еден од партнерите на консултантската фирма „Балканс капитал“ од Тирана. Видео: Ендри Муај https://youtu.be/0muFpJU_rx4 Академијата е дел од проектот Balkan Translations Collider, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.#CreativeEurope4Books#BalkanTranslationsCollider

Продолжи со читање →

Меѓународна академија за книжевен менаџмент и промоцијата на преводите – четврти ден (видео)

Преглед на четвртиот ден на Меѓународната академија за книжевен менаџмент и промоцијата на преводите. Овој ден беше посветен на дигиталниот маркетинг, а главен предавач беше експертот за дигитална комуникација, Василена Валчанова. Видео: Ендри Муај https://youtu.be/M085VERrVx0 Академијата е дел од проектот Balkan Translations Collider, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. #CreativeEurope4Books #BalkanTranslationsCollider

Продолжи со читање →

Меѓународна академија за книжевен менаџмент и промоцијата на преводите – трет ден (видео)

На третиот ден, учесниците на Меѓународната академија за книжевен менаџмент и промоцијата на преводите го посетија Скадар, градот во кој се родени голем број познати писатели, филозофи, преведувачи и уметници. Учесниците имаа можност да посетат организации од областа на културата, да се запознаат со нивните носители, главните активности и начини на работа. Видео: Ендри Муај https://youtu.be/-9TwqXwPfcY Академијата е дел од проектот Balkan Translations Collider, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. #CreativeEurope4Books #BalkanTranslationsCollider

Продолжи со читање →

Меѓународна академија за книжевен менаџмент и промоцијата на преводите – втор ден(видео)

Преглед на вториот ден на Меѓународната академија за книжевен менаџмент и промоцијата на преводите, посветен на темите поврзани со развојот на публиката, под водство на Агата Етманович од фондацијата „Импакт“. Видео: Ендри Муај https://youtu.be/vwocemPoSw0 Академијата е дел од проектот Balkan Translations Collider, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. #CreativeEurope4Books #BalkanTranslationsCollider

Продолжи со читање →

Меѓународна академија за книжевен менаџмент и промоцијата на преводите – прв ден (видео)

Преглед на првиот ден на Меѓународната академија за книжевен менаџмент и промоцијата на преводите, која се одржа од 18 до 22 мај во Драч и Скадар, Албанија. Втората сесија на Академијата се одржа под слоганот „Нека биде можно да се случи“ и собра повеќе од 30 професионалци од областа на издаваштвото, кои добија интензивен тренинг и можност да ги развиваат своите професионални капацитети. Видео: Ендри Муај https://youtu.be/zTztGyBNcAU Академијата е дел од проектот Balkan Translations Collider, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. #CreativeEurope4Books #BalkanTranslationsCollider

Продолжи со читање →

Дискусија на тема „Од превод до книга – лавиринт со повеќе излези“

Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ организира дискусија на тема „Од превод до книга – лавиринт со повеќе излези“. Дискусијата ќе се одржи во кафе-книжарницата Буква, на 27 јуни, со почеток во 19.30 часот. На дискусијата ќе учествуваат Оливера Ќорвезироска, писателката, уредничка и лекторка, Ненад Стевовиќ, уредник и еден од сопствениците на издавачката куќа „Или-или“, Билјана Црвенковска, писателка, уредничка и сопственичка на издавачката куќа „Чудна шума“ и Жарко Кујунџиски, писател, уредник и сопственик на издавачката куќа „Антолог“. Модератор на разговорот ќе биде Владимир Јанковски, писател, уредник и преведувач. Колку е долг пат од преводот на една...

Продолжи со читање →

Преводот како движење меѓу културите – работилницата за превод

Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ организира работилница за книжевен превод „Преводот како движење меѓу културите“. Работилницата ќе се одржи во кафе-книжарницата Буква, на 23, 24 и 27 јуни.  Работилницата ќе опфати различни формати: работа на конкретен превод, презентации, разговори со преведувачи и уредници на издавачки куќи, дебати и дискусии. Предавачи на работилницата се проф. д-р Ирина Бабамова, проф. д-р Калина Малевска, проф. д-р Милан Дамјановски и Живко Гроздановски. Целта на работилницата е на сите заинтересирани преведувачи да им се понуди можност за професионално усовршување, дополнителна обука, како и преку дебати и дискусии да се поразговара...

Продолжи со читање →

Видео презентација на авторите-учесници во проектот Reading Balkans

Во овој серијал кратки презентации ги претставуваме авторите-учесници во проектот Reading Balkans: Томислав Османли, Сашо Огненовски, Билјана Црвенковска и Петар Андоновски. Тие говорат за нивната работа, нивните минати и идни проекти и нивните искуства со резиденциите. Сите тие се согласуваат дека резиденциите се важен ресурс за авторите, давајќи им време и средства за творење, како и одлична можност за вмрежување. https://youtu.be/muK-2fFptwI https://youtu.be/i-PqId-0XWE https://youtu.be/rl-aJqlH4Uo https://youtu.be/kSKdVOA5oWg

Продолжи со читање →