Новости

Радмила Петровиќ на резиденцијален престој во Скопје во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“

Во јули на резиденцијален престој во Скопје во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“ (Reading Balkans) е писателката од Србија Радмила Петровиќ. Петровиќ е авторка на три збирки поезија: „Мирисот на земјата“, „Целулозен рокенрол“ и „Мојата мајка знае што се случува во градовите“.

Од „Мојата мајка знае што се случува во градовите“ е песната Девојка која не верува во митови, во превод на Звонко Димоски.

Девојка која не верува во митови

кај гатачка сме биле

тато, мама и јас

рекле дека ќе бидам машко

и нешто големо

ми го спасило животот

девојчињата кои вака ќе се родат

не знаат за богови

за седмиот роденден

колат петел на трупец

не користат маскара

туку масат и француски клуч

возат трактори

цедат џимиринки

и јадат каврума

тоа се оние долгоногите девојки

кои сами шетаат

додека се топат првите снегулки

на покривот од хотелот Москва

пристапи им само ако можеш

да го засакаш мажот во нив.

Проектот „Читајќи го Балканот“ се реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги Традуки.



Остави Коментар