Настани

Карановиќ: Имав потреба да ги раскажам нашите приказни

Поетот и прозаист Звонко Карановиќ од Србија во текот на месец мај престојуваше во Скопје, како автор во резиденција „Апсолутно модерен“ во организација на издавачката куќа „Готен“, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки. За време на престојот во Скопје тој беше еден од ексклузивните гости на 4. Меѓународен литературен фестивал „Про-за Балкан“. Годинава на фестивалот беа извонредна група на писателите како Георги Господинов до Бугарија, Марко Видојковиќ од Србија, Андреј Блатник од Словенија, Асли Перкер од Труција и Луан Старова од Македонија. Звонко Карановиќ истакна дека бил многу пријатно изненаден од гостопримливоста на луѓето во градот....

Продолжи со читање →

Станка Храстељ се претстави пред скопската публика

Во Скопје се одржа поетска вечер со словенечката писателка Станка Храстељ (1975г.), прва од новите шест автори за 2016 година во рамките на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа. Пред публиката во кафе книжарницата Магор воведна реч за поетесата одржа д-р Владимир Мартиновски, а стиховите на македонски ги кажуваше препејувачот на Храстељ, Дарко Спасов. Музичка поддршка на настанот даде групата Тркалезна маса, адхок бенд на неколку познати музичари. Вечерта беше шанса за македонската јавност подобро да се запознае со една од најдобрите авторки од средната генерација, чија збирка поезија Господине, имаме нешто за вас! беше издадена...

Продолжи со читање →

Легендарниот српски поет пристигна во Скопје

Во рамките на книжевната резиденција „Апсолутно модерен“, во Скопје, во текот на месец мај престојува познатиот српски писател Звонко Карановиќ. Неговиот престој во Скопје започна фуриозно. Нераспакуван од летот на ЈАТ, Караноовиќ настапи на дваесеттите јубилејни поетски читања „Астални проекции“, најпосетениот поетски настан во Скопје, во моментов. „Астални проекции“ се одржуваат секој прв вторник во месецот  во Арт кафето Менада. Звонко Карановиќ (1959) е поет и прозаист роден во Ниш, Србија. Работеше како новинар, уредник, водител на радио, ди џеј, организатор на концерти, тринаесет години беше сопственик на музичка продавница. Досега има објавено девет збирки поезија и три романи. Поезија започна да пишува под...

Продолжи со читање →

Поетска вечер со словенечката писателка Станка Храстељ во рамките на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа

Почитувани, Задоволство ни е да ве поканиме на поетска вечер со словенечката писателка Станка Храстељ (1975г.), прва од новите шест автори за 2016 година во рамките на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа. Поетската вечер ќе се одржи во сабота, 23 април, во 20 часот, во кафе книжарница Магор. Воведна реч за поетесата ќе одржи д-р Владимир Мартиновски, а стиховите на македонски ќе ги кажува препејувачот на Храстељ, Дарко Спасов. Музичка поддршка на настанот ќе даде групата Тркалезна маса, адхок бенд на неколку познати музичари. Тоа ќе биде шанса за македонската јавност подобро да се запознае...

Продолжи со читање →

Турско огледало

Романот „Турско огледало“ од една страна го овоплотува традиционалниот, дидактички жанр на аристократските биографии (огледала), но во исто време внесува и голема свежина во жанрот, настаните се раскажани видени од другата страна, онаа што во традиционалните биографии не е присутна, тоа е турската страна. Со тоа романот добива голема необичност. Во тоа огледало, последниот бастион на цивилизираниот свет завршува на утоката на Дунав и Сава, во отомански Белград, а отаде реките почнува империјата на безверните Унгарци. Тие се прикажани како нечесни луѓе кои се обидуваат да успеат во животот преку корупција, лаги и насилство. Дејството се случува во Печуј, последното...

Продолжи со читање →

Виктор Хорват од Унгарија и Пјер Џ. Мејлак од Малта, гости на Готен на Саемот на книга

Виктор Хорват од Унгарија и Пјер Џ. Мејлак од Малта, гости на Готен на Саемот на книга   Добитници на наградата на ЕУ за литература Виктор Хорват и Пјер Џ. Мејлак, ќе имаат промоции на Саемот на книга. Нивните наградени дела, Турско огледало на Хорват, кое го преведе Златко Панзов, и Ноќта те разубеди на Пјер Џ. Мејлак,  во превод на Владимир Јанковски ќе бидат промовирани во рамките на саемот. Освен промоциите, писателите ќе имаат неколку средби со читатели, со студенти, со друштва на пријателство. Централниот настан ќе се одржи во просториите на ЕУ инфо центарот, во петок во 19...

Продолжи со читање →

Книжевна вечер со Лара Миховиловиќ, од Словенија, гостинка на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа

Во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки, во Скопје во текот на ноември престојуваше поетесата и преведувачка Лара Миховиловиќ, од Словенија.

Продолжи со читање →

Имануел Мифсуд од Малта, гостин на Издавачката куќа Готен на Саемот на книга

Еден од најреномираните современи автори од Малта, Имануел Мифсуд, добитник на Европската награда за литература, е гостин на Издавачката куќа Готен на Саемот на книга. Токму награденото дело на Мифсуд „Во името на таткото (и на синот“, тукушто излезе од печат во едицијата „Контемпоранеа“ на Готен и ќе биде промовирано, во четврток во 17 часот, во Промотивниот центар на Саемот на книга. Книгата ја преведе Владимир Јанковски. Во чест на авторот, во просториите на ЕУ инфо центарот, во петок во 20 часот ќе се одржи дискусија на тема „Писателот и општествените трауми“, инспирирана и од тековните настани во земјата и...

Продолжи со читање →

Call forapplications: Literary Residency “Absolute Modern”, Skopje 2015

Goten Publishing House in cooperation with the TRADUKI network invite writers and translators from Southeast Europe (Slovenia, Croatia, Serbia, Albania, Kosovo, Bosna and Herzegovina, Montenegro, Bulgaria and Romania) to apply for writers-in-residence program «Absolute Modern», in Skopje, Macedonia.

Продолжи со читање →