До крајот на септември, во рамки на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточно Европа „Апсолутно модерен“, во Скопје ќе престојува писателот Неџат Ибрахимовиќ. Неџат Ибрахимовиќ е роден 1958 година во Тузла. Тој е книжевен и филмски критичар, сценарист и автор на документарни филмови. Завршил Педагошки факутет во Осиек и постдипломски студии во областа на книжевноста на Филозофскиот факултет во Загреб. Докторирал на Филозофскиот факултет во Тузла во областа на книжевноста на Босна и Херцеговина. Завршил и телевизиски студии на Медија-академијата во Холандија. Објавувал книжевни студии и интерпретации, театарска и филсмка критика во различни списанија и снимал документарни филмови...
Писателот Неџат Ибрахимовиќ на книжевна резиденција во Скопје
