Настани

Маја Солар во септемри на книжевна резиденција во Скопје

Српската писателка Маја Солар во септември престојува на книжевна резиденција во Скопје. Резиденцијата се реализира во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“, кој е поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“. Во рамки на престојот, авторката ќе биде дел од книжевниот фестивал „Про-за Балкан“, на кој ќе биде претставено незиното творештво и ќе учествува на разговорото на тема „Литература и криза: почетна точка за нови противотрови“.

Маја Солар е родена во 1980 година во Загреб. Докторирала филозофија. Се занимава со политичка теорија, преведува од англиски и француски јазик, пишува поезија и проза. Членка е на колективот „Герусија“, дел е од уредништвото на списанието за теориска практика „Ствар“, а од 2015 година е преведувачка и член на редакцијата на српското издание на весникот „Le Monde Diplomatique“.

Ја има објавено збирката поезија „Макулалалалатура“ (2008) за која во 2009 година ја добила Бранковата награда. Втората книга поезија, на унгарски јазик, „Jellemzõ, hogy nem természetes“ е објавена во 2015 година. Третата збирка поезија, „Без зачин“, ја објавува во 2017 година. Нејзините песни се вклучени во бројни антологии и зборници.

Од 2007 до 2014 година била дел од уредништвото на списанието за книжевност и теорија „Поља“. Била членка на Центарот за нова книжевност „Неолит“, на поетско-политичкиот театар „Поетски дупки“, авторка и учесничка на перформативно-поетската програма „ЛИЛИТирање“ (изведување на поезија на поетеси), а учествувала и во неколку перформанси и поетски видео дела. Од 2019 година заедно со Жак Луциќ го уредува и води поетскиот подкаст на емисијата „Полна уста со поезија“. Моментално живее во Нови Сад.      

Проектот „Читајќи го Балканот“ се реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“.



Остави Коментар