Manja Velichkovska

Состанок на Работната група за изработка на Новата стратегија за развој на културата 2023-2027

На денешниот состанок на Работната група за изработка на Новата стратегија за развој на културата 2023-2027 на членовите на Работната група, претставници од Министерство за култура на Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија, претставници на институции од културата и експерти беше поделена и презентирана студијата „Сите драјвери вклучени; извештај (факти, анализа и препораки) за македонската литература во превод (2015-2020)“. Меѓу другите, на состанокот беа присутни Катерина Пејкова, државен советник во Министерството за култура,Виолета Качакова, независна консултантка, подготвувач на Стратегијата за култура на Град Скоје и Националната стратегија за млади, Маја Вељковиќ, директор на Драмски театар, Дита Старова Ќерими, директорка на Националнатагалерија на Република Северна Македонија, Билјана Тануровска Ќулавковска, доктор на науки по менаџмент во културата, Филип Јовановски, независен продуцент, Јане Вртески, независен...

Продолжи со читање →

Книгата „Јоел и Ио Љубовна приказна“ од Геир Гуликсе издадена на македонски јазик

Четврток, сабота или вторник – времето, местото или часот можеби се важни многу подоцна кога ќе им се навраќаме на спомените од најраните периоди на нашето созревање, ама во мигот кога се случува единствено важни се само неколку нешта – мирисот, топлината, и нашата големина во очите на другиот. Затоа што тоа е она што се случува кога не знаеме дека е можно, кога „не знаеме зошто го чекаме, а, сепак, го чекаме“. Отпосле дознаваме дека се вика љубов и дека знае и да боли и да се измолкне во нешто што никогаш не сме ни помислувале дека може да...

Продолжи со читање →

Видеозапис за книгата „Јоел и Ио Љубовна приказна“ од Геир Гуликсен

Кога се случува она нешто што не знаеме зошто, ама сепак го чекаме Кон книгата Јоел и Ио Љубовна приказна од Геир Гуликсен Превод од норвешки: Искра Бадева https://youtu.be/foERUDt58lg Видеото за книгата „Јоeл и Ио; љубовна приказна“ од Геир Гуликсен и Ана Фиске (илустрации) е дел од проектот „Хетеротипии на љубовта“, поддржан од програмата Креативна Европа на Европската Унија. #CreativeEurope4Books http://www.gotenpublishing.com/knigata-joel-i-io-lubovna-prikazna-od-geir-gulikse-izdadena-na-makedonski-jazik/

Продолжи со читање →

Рецензија за книгата „Една жена“ од Петер Естерхази

Раскошна сака/мрази јазично-еротска гозба во нејзина чест(Рецензија на Марија Саревска за книгата „Една жена“ од Петер Естерхази во издание на „Готен“; превод од унгарски јазик: Златко Панзов) Само умешните можат да пишуваат за неа, а тоа да не звучи блуткаво, евтино или наивно. А оние јазично вештите, книжевно искусните, со наталожен интелектуален багаж го прават тоа како што го прави унгарскиот писател Петер Естерхази. Во 97 кратки поглавја од романот „Една жена“ тој создава неисцрпна химна за жената: онаа убавата, грдата, промискуитетната, заводливата, моќната, самостојната, ненаситната, непривлечната, неодоливата, секогаш податливата. Некогаш сака, некогаш мрази, ама секогаш е подготвена за нешто...

Продолжи со читање →

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА РЕЗИДЕНЦИИ ЗА ЛИТЕРАТУРНИ ПРЕВЕДУВАЧИ ВО СКОПЈЕ

Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) ги поканува литературните преведувачи кои преведуваат од македонски јазик на јазиците на земјите-членки на Европската Унија да конкурираат за резиденцијален престој во Скопје.  Ова е втора година од реализацијата на преведувачките резиденции, кои во Скопје можат да се реализираат во периодот од април 2022 до април 2023 година.   „Превод во движење“ е програма чија цел е збогатување и засилување на протокот на преведената литература во Европа и особено меѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Препознавајќи ги литературните преведувачи како влијателни и клучни амбасадори...

Продолжи со читање →

Видео за книгата „Една жена“ од Петер Естерхази

Видео за книгата „Една жена“ од Петер Естерхази. Превод од унгарски јазик јазик: Златко Панзов. Користена музика: https://www.bensound.com Видеото за книгата „Една жена“ од Петер Естерхази е дел од проектот „Хетеротипии на љубовта“, поддржан од програмата Креативна Европа [Creative Europe] на Европската Унија. https://youtu.be/Y5aVnasUB9Y #CreativeEurope4Books http://www.gotenpublishing.com/retsenzija-za-knigata-edna-zhena-od-peter-esterhazi/

Продолжи со читање →

Видео запис за книгата „Прегрни ме цврсто“ од Лоф Ју

Четири другарки, тинејџерки, кои мислат дека се толку блиски што никогаш нема да се скараат за ништо. Сè до мигот кога еден коментар на Месинџер, куче што се вика Атреј, еден графит, објава на блог и песна засекогаш не ги променат нивните животи. Заедно ќе ја откријат љубовта и колку е лесно да израдуваш некого со едноставна и силна прегратка. „Прегрни ме цврсто“ е роман наменет за публиката на возраст од 14 до 18 години. https://youtu.be/1drsnTU8qKQ Видеото за книгата а книгата „Прегрни ме цврсто“ од Лоф Ју е дел од проектот „Хетеротипии на љубовта“, поддржан од програмата Креативна Европа на...

Продолжи со читање →

Рецензија за романот на Лоф Ју „Прегрни ме цврсто“

(Рецензија на Сашо Огненовски за романот на Лоф Ју „Прегрни ме цврсто“ во изданаие на Готен, Скопје, 2022г.) Кога зборуваме за љубовта секогаш се фокусираме на нејзиниот флуид, но кога ќе се доближиме до него или неа, тогаш во нејзините жили навлегуваат стратегиите и плановите како да се задржи, да се присвои или, како што понекогаш се вели, да се конзумира. Љубовните струења понекогаш заминуваат во погрешен правец, залажуваат или исчезнуваат во привид, согоруваат во нереализираноста, но и во нејзината горчина. Романот на Лоф Ју „Прегрни ме цврсто“ говори токму за тоа согорување, за потрагата на неколку млади луѓе по...

Продолжи со читање →

Видео за романот „Врски“ од Емануела Пагано

Видео за романот „Врски“ од Емануела Пагано. Превод од француски јазик: Ацо Пероски Користена музика: https://www.bensound.com https://youtu.be/6pUslNlG8zo Видеото за книгата „Врски“ од Емануела Пагано е дел од проектот „Хетеротипии на љубовта“, поддржан од програмата Креативна Европа [Creative Europe] на Европската Унија.  #CreativeEurope4Books Издавачката куќа Готен го објави романот „Врски“ од француската писателка Емануела Пагано. Преводот од француски јазик е на Ацо Пероски. Што е љубовта? Дали нејзините манифестации се бесконечни? Во што се состои нејзината повторливост? Дали една куса ситуација може да објасни цела љубовна приказна? Кога е љубовта поинтензивна, кога е кус фрагмент или кога е голема заокружена приказна?...

Продолжи со читање →

Видео запис за збирката раскази „Љубовта на триесет и пет годишната жена“ од Терзијски

Збирката раскази „Љубовта на триесет и пет годишната жена“ од бугарскиот писател Калин Терзијски излезе од печат на македoнски јазик. Преводот од бугарски на македонски го направи Душко Крстевски, а издавач е „Готен“ од Скопје. https://youtu.be/zw1xV7lVCyA Книгата содржи 11 раскази во кои Калин Терзијски истражува различни, понекогаш гранични, манифестации на љубовта во современиот живот. – Авторот умешно понира во длабочините на емотивниот живот, таму пронаоѓајќи ги очајот, личната празнина, незадоволствата, но и надежите на неговите најчесто маргинални ликови. Терзијски е писател кој сака своите ликови да ги доведува до екстремни емотивни ситуации, верувајќи дека тие крајни, гранични ситуации, најсуштински кажуваат кој е всушност човекот. Затоа низ „Љубовта на...

Продолжи со читање →