Новости

Марјанџела Бјанкофјоре на преведувачка резиденција во Скопје

Преведувачката од македонски на италијански јазик, Марјанџела Бјанкофјоре, во август престојува на преведувачка резиденција во Скопје. Резиденцијата се реализира во рамки на меѓународниот проект „Превод во движење“ (Translation in Motion), чиј македонски партнер е издавачката куќа „Готен“. Партнерски организации на „Готен“ во овој проект се организации од Франција, Црна Гора, Бугарија, Шведска, Албанија, Летонија и Србија. Проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Марјанџела Бјанкофјоре за време на својот престој во Скопје ќе работи на преводот на италијански јазик на романот „Идол на ѕидот“ од Елена Филиповска. Станува збор за дистописки роман, сместен во имагинарна сегашност-иднина. Романот...

Продолжи со читање →

Преведувачката Соња Должан на преведувачка резиденција во Скопје

Преведувачката од македонски на словенечки јазик, Соња Должан, престојува на преведувачка резиденција во Скопје. Резиденцијата се реализира во рамки на проектот „Превод во движење“, меѓународен проект кој опфаќа резиденции на книжевни преведувачи во Франција, Шведска, Велика Британија, Летонија, Црна Гора, Бугарија, Албанија и Србија. Целта на проектот е да се зголеми соработката меѓу книжевните преведувачи од земјите во кои се реализира и да се интензивира книжевната размена во земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Во рамки на преведувачките резиденции, преведувачите и преведувачките работат на конкретен книжевен превод, кој потоа ќе биде објавен во нивните земји. За време...

Продолжи со читање →

Анамарија Цинеге Панзова на преведувачка резиденција во Скопје

Преведувачката од македонски на унгарски јазик, Анамарија Цинеге Панзова, во август престојува на преведувачка резиденција во Скопје. Резиденцијата се реализира во рамки на меѓународниот проект „Превод во движење“ (Translation in Motion), чиј македонски партнер е издавачката куќа „Готен“. Партнерски организации на „Готен“ во овој проект се организации од Франција, Црна Гора, Бугарија, Шведска, Албанија, Летонија и Србија. Проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Цели на резиденцијатаЗа време на својот престој, Анамарија Цинеге Панзова ќе работи на преводот на унгарски јазик на „Антологијата на македонската книжевност“ објавена од Институтот за македонска литература. Антологијата опфаќа избор на најзначајните...

Продолжи со читање →

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на преводот

Издавачката куќа „Готен“ е македонскиот партнер во проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion), кој поставувајќи акцент на работата на книжевни преведувачи, ја потенцира нивната улога во доближувањето на различните култури, во градењето дијалог меѓу нациите и создавањето можности за соработка и разбирање. По повод 30 септември, Меѓународниот ден на преводот, го пренесуваме текстот „Двојни значења“ на Влада Урошевиќ, во кој тој зборува за некои тешкотии поврзани со преведување на поезијата. Секој збор носи во себе повеќе значења; понекогаш – цел грст. Поетот, во многу случаи, смета не само на едното од нив; оттаму тешкотијата на преведувањето поезија. Во секој...

Продолжи со читање →

Средба на ментори за книжевен превод во рамки на проектот „Превод во движење“

Во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) на 16 и 17 септември 2021 година во Цетиње, Црна Гора, се одржа средба на ментори за книжевен превод. На средбата учествуваа искусни и идни ментори од девет земји од Европската Унија и Западен Балкан. Учесниците на средбата разговараа и разменија методологии во врска со најдобрите практики поврзани со книжевниот превод. Во рамки на средбата имаше и неколку презентации чија цел беше да им се помогне на партнерите во проектот „Превод во движење“ од Западен Балкан да ја организираат програмата на работилниците за превод кои во 2022 година ќе се...

Продолжи со читање →

Објавена книгата „Viola arsenica; белешки за поезија“ од Влада Урошевиќ

Книгата содржи и кус ликовен есеј на авторот на тема „Наука и уметност“, а завршува со фото-есејот на фотографот Роберт Јанкуловски на тема „Авторот и моделот“.

Продолжи со читање →

Две преведувачки од македонски јазик на книжевна резиденција во Скопје

Две преведувачки на литературни дела од македонски јазик, Анамарија Цинеге Панзова и Марјанџела Бјанкофјоре, во август престојуваат на преведувачка резиденција во Скопје. Резиденцијата се реализира во рамки на меѓународниот проект „Превод во движење“ (Translation in Motion), чиј македонски партнер е издавачката куќа „Готен“. Партнерски организации на „Готен“ во овој проект се организации од Франција, Црна Гора, Бугарија, Шведска, Албанија, Летонија и Србија. Проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. „Превод во движење“ е проект чија цел е збогатување и засилување на протокот на преведената литература во Европа и особено меѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на...

Продолжи со читање →

Радмила Петровиќ на резиденцијален престој во Скопје во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“

Во јули на резиденцијален престој во Скопје во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“ (Reading Balkans) е писателката од Србија Радмила Петровиќ. Петровиќ е авторка на три збирки поезија: „Мирисот на земјата“, „Целулозен рокенрол“ и „Мојата мајка знае што се случува во градовите“. Од „Мојата мајка знае што се случува во градовите“ е песната Девојка која не верува во митови, во превод на Звонко Димоски. Девојка која не верува во митови кај гатачка сме биле тато, мама и јас рекле дека ќе бидам машко и нешто големо ми го спасило животот девојчињата кои вака ќе се родат не знаат за...

Продолжи со читање →

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА РЕЗИДЕНЦИИ ЗА ЛИТЕРАТУРНИ ПРЕВЕДУВАЧИ ВО СКОПЈЕ

ПРОГРАМА НА ПРОЕКТОТ „ПРЕВОД ВО ДВИЖЕЊЕ“ (TRANSLATION IN MOTION), ЈУНИ 2021 – ДЕКЕМВРИ 2021 Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) ги поканува литературните преведувачи кои преведуваат од македонски јазик на јазиците на земјите-членки на Европската Унија да конкурираат за резиденцијален престој во Скопје. „Превод во движење“ е програма чија цел е збогатување и засилување на протокот на преведената литература во Европа и особено меѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Препознавајќи ги литературните преведувачи како влијателни и клучни амбасадори на културниот дијалог, оваа програма обезбедува меѓународна мобилност и професионален развој...

Продолжи со читање →

Книгата на Влада Урошевиќ „Viola arsenica; белешки за поезијата (1959 – 2019) наскоро во издание на Готен

Помеѓу песните на Кочо Рацин, напишани на македонски, но кои не влегле во „Бели мугри“, има една која носи наслов „До еден работник”. Објавена е 1936 година во загрепското списание „Књижевник”. Нејзината последна строфа (денес по малку наивна во својата директност, но тогаш сосема во духот на борбениот експресионизам од лева провениенција) гласи: О, братко! Плукни на таков живот! Со браќата твои, со маката ваша, сонете го овој свет и нов направете – братски! Александар Спасов, нашиот најзначаен рацинолог, ја преобјавува оваа песна во книгата „Кочо Рацин – Стихови и проза“ (1954) со исправени печатни грешки. Во белешките на крајот...

Продолжи со читање →