Издавачката куќа Готен го објави романот „Амок; луксембуршка љубовна приказна“ од писателот од Луксембург Тулио Форџарини. Преводот од италијански јазик е на Анета Симовска. „Амок; луксембуршка љубовна приказна“ е роман на луксембуршкиот писател Тулио Форџарини за кој во 2013 година ја добива наградата за литература на Европската Унија. Романот низ призмата на петнаесетгодишниот протагонист кој живее на општествените маргини проговорува за проблемите на социјалната изолација, запоставеноста, недостигот на перспектива, нарушувањето во однесувањето и бесмисленото насилство. Книгата е напишана на толку интензивен начин што го вовлекува читателот во фиктивниот свет на главните ликови кои, пак, се обидуваат да побегнат од стварноста....
Објавен романот „Амок; луксембуршка љубовна приказна“ од писателот од Луксембург Тулио Форџарини
